хронологија (ж.)
За некои биографски детали изнесени овде, должник сум ѝ на Ненси Дефенбах, која го истражуваше животот и опусот на Марија Мартинс неколку години пред тоа, и ми овозможи да ја консултирам хронологијата што таа ја подготви.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Хронологија на животот и работата на ХОРХЕ ЛУИС БОРХЕС 1899.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Забораваме на ѕидното сликарство
и хронологијата на настаните.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тој на крајот насобра песок околу гробот на Ханибал и продолжи во Тунис да живее со својата митска хронологија на историјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во историската хронологија Херои и Убијци и во романите Мара и Лавот од Јанина прозната структура е градена врз темелите на животот на Македонецот во Македонија и врз историските настани на Балканот од крајот на осумнаесетиот век, преку Илинденското востание и Првата светска војна до предвечерието на Втората светска војна.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Календарот е од суштинско значење за проучување на хронологијата која го смета времето според регуларни поделби или периоди и ги употребува за датирање на настаните.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Во еден период го понесе идејата своите книги во библиотеката да ги нареди историски, односно според временската хронологија, но брзо ја напушти оваа замисла.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На балканските ветромети Татко се увери, по доживеаните балкански и светски војни и падот на Османската империја, епохата на комунизмот, дека најпосле Балканците треба да си ја пишуваат својата историја, како хронологија на настаните, личностите, епохите или како историја на обичните зборови кои живееле во хармонија, дури и во сојуз со различните јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)