хромозом (м.)
Сите моделирани организми се опремени со „хромозоми“ кои во себе содржат офанзивни и дефанзивни стратегии.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ако организмот добие доволно ресурси тој остава потомство чии хромозоми можат да содржат и некои мутации.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
I Да можеа да зборуваат сите Мајкини гени и хромозоми, тие ќе ви ја раскажеа најнеобичната балканска одисеја на еден живот минат, во најголемиот свој дел, во одбраната на едно семејство.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)