ходник м.

ходник (м.)

Отец Симеон потрча низ ходникот и нечујно се спушти низ басамиците, другиот Мануш Крловец, воздивна и ја отвори вратата на собата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Потем пак се исправи. И полека, тетеравејќи се, се проби низ тесниот ходник до својата гримерна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Чекаше да се увериш дека под челнава коска не ми е сѐ како што треба.“ Полека го притеснуваше кон ѕидот на долгиот ходник и шуштеше несовладиво со силина на зовриена вода.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ги стисна забите и со шум отворајќи ја вратата истрча во ходникот. Јурна слепо во темно слепило.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Брзаше меѓу луѓето. И во брзањето пак залута во ходникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Гласот и гестовите на човекот беа господаречки и сугестивни и прислужникот, гледајќи го вџашено назадечки исчезнуваше во мракот на ходникот. - Мрзливко! - човекот седна до Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Стана и, неразбирајќи што треба да прави, каде и зошто да појде некаде, залута низ ходникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Застаната среде ходникот загледуваше долж во сите осум врати, а очите ѝ се наполнија со солзи.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Беа само двајца џандари. Под нивните чекори подот во ходникот речиси потонуваше од чкртање, а тие веќе влегуваа во вратата на младиот Брат. Го одведоа, уште веднаш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа се паѓаше во еден од следните денови, веднаш по оној ден, кога видоа првпат дека и во нивниот ходник влегло сонцето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Е, гледаш! И јас знам во која училница се премести учителката Милица“ - рече тетка Стана, ја фати за рака, ја поведе во училишната зграда, ја водеше долж ходникот - сѐ до шестата врата.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
На скалата не пречекавме многу: само неколцина што успеале да јурнат низ ходникот. Но и тие се струполија крај стражарот на вратата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ќе стивне и вревата во училниците и ходникот што често нервираше...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ја оставаше во ходникот или во дворот, а таа постојано врескаше гризејќи земја и вар по ѕидот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Долгите ходници на подземниот мравкин град ечеа од возбудени извици.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Најубава куќа со многу соби, со ходник, со чешма и со клозет! - ликуваше второто дете.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Слушнав како силно тресна надворешната врата, потоа брзи чекори во ходникот и пак тресок на вратата од собата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Пак излегоа во ходникот каде што оној војник делкаше друго јаболко.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во ходникот ги дочека другиот измеќар, поправо измеќарка, младото Кате, шеснаесетгодишно девојче, ќерка на чифчијата — ковачот Стевана, кое Адем го беше прибрал кај себе, ете така, да му ја краси кулата, да ѝ прислужува на каданата и да внесува кафе ракија кога ќе му идеа гости од машки пол.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во болницата место немаше: по скали, по ходници лежеа ранети; во кревети по двајца лежеа: болничарите и милосрдните сестри не стигнуваа ни вода да им подадат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе