хи (изв.)

— Хи, хи, хи! — се слушна придушен смев. — Сето тоа што ќе ми го кажеш? — се ослободи таа, бидејќи тој почна, та забуната негова и ја поолесни нејзината положба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но Цане не престануваше. Се потпираше на црковниот ѕид, ги ширеше проѕирните ноздри и клокотеше како да прави гаргара. - Хи-хи-хи... Оф, ќе пукнам... А на носот роса...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ха, ха, ха, хи, хи, хи, и ни размина гладот, ни се одјаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И — ха, ха, ха, хи, хи, хи, — одам и јас по неа, по смеењето нејзино.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој задоволно ја погледна и ѝ рече: „Ете драга моја, најпосле ронка лудило кај тебе, хи! хи! хи!“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Хи-хи-хи!“, се слушна наместо одговор.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Хи-хи-хи!“ - се зачу напукнатиот звук на девојкиниот глас, но во него се слушна нешто налик на убод со игла, „Хи-хи-хи!“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Хи, убаво, зима, снег... Се радуаш кту дете!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Ќе ме исќофта, хи хи хи... - се смееше Ане.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Има жичка на политичар, знае да ги дефинира потребите и сфаќањата на масите, каде да употреби силен збор за да остави впечаток... перверзно курвиче...хи хи хи. Полковничка ќерка, нема што...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Хи -хи - хи... - потсмешливо се засркна оној чиј дедо за малку што не бил скопен.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)