фучи (несв.)
Другарите се пресреќни кога ќе ме видат со шубара: таа ти е, лебами, добра и од фудбал: се качува на прстите и фучи низ воздухот како надуена машина.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Родени се за секакви игри: може да се игра и „прескакулица“ и „јавана“ и „солно-месо“, а и девојчињата да трчаат по браздите по цвеќиња или да се бркаат врескајќи како некој да ги дави или да им фучи со коприва по нозете.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И додека ветрот сѐ посилно фучеше околу нас разбранувајќи го песокот, пустинското дете ме довлечка до клекнатата камила и ме натера да ѝ се качам на грбот.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Е, не е многу дебел, му рекол Мирче, си раскажува Огнен Ѓорго и џвака, фучи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
да не стекла пак реката, да не ги откорна овошките или само алето, е во Америка алињата им се дома, в среде куќа, е па водата нема узда, не се запира со прачка и со викање, а да ја видиш онаа вода што се оди со денови, еднаш ни рекоа денеска морето ќе игра, а кога игра морето, не играјте вие и кога зеде да рипа, да станува и да седнува, леле мајко, потплашена кобила, фучи и се пресега преку бродот и го прескока и 116
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ми се налути што да не може повеќе. Нож и колеж. Само ја врти главата и фучи. Одвај му дојдоа козите да се смири.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Жена му од Мил фучна со носот: - Не бараше таа да ти се направи гроб за тоа...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
А Толи уште не ја одвртува својата коњска глава од кај мене. Само фучи, само фрка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И кога невестата, по обичајот, тргна со стомните на чешмата на средсело да наполни вода, жена му на Китан фучеше со кошулата одејќи пред невестата, ја мавташе по сокаците за да ја видат сите селани и викаше: - Гледате ли... Гледате ли... Како јагне да е заклано...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Но подоцна попушти срцето на готвачот, така што не само што не фучеше со стапот по него, туку и го викаше подавајќи му парче мевце или коска.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Потсетуваше на ветерот на времето, што фучи во делфските пештери за да го каже она што морало да биде вчера, што мора да биде денес и што ќе биде утре.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Како бумеранг фучеше над бреговите и долините и слетуваше леко како семе од глуварче.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Кога почнуваше да фучи бурата, се дереа дечиштата како глуви, не се слушаа повеќе...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Набргу внатре почна да фучи. Низ горните ралупи засветкаа искри.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Јас ја замислував како кртица која рие и се крие во земјата или лета и фучи како лилјак во темнината, како алетина завива над коријата, над планината.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
По песочното крајбрежје коњи фучат Нозете им се долги (со колената ги допираат жабрите што им израснале на вратот).
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ветерот фучи и им ги кине главите на петуниите, а на момините им предизвикува солзи.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Пак ја местам во санката бледата, растреперена Надењка, пак летаме во страшната пропаст, пак ветерот фучи и лизгалките на санката треперат, и пак, кога санката најбрзо и шумно лета, јас велам полугласно: – Ве љубам, Надењка!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Првото снежење секогаш е тивко и меко - дури отпосле фучат виулици.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Ветерот, удирајќи на карпите и дебелите борови дрвја, се крши од нив, му се одзема силата, ама новиот бран со уште поголема лутина и сила бие и зарикнува и фучи и стенка меѓу стеблата и високо над боровите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)