фурија ж.

фурија (ж.)

Денот ли дојде тој да се мери - мерка му нема, а в градите длаби без да се запре, без дно да најде не тага а клетва, и во очите матни и не сакајќи сама се дига фуријата.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Бргу ги стори сите работи, што требаше да се сторат пред започнувањето на еден работен ден, а потем влезе како фурија во вратата на просторната работилница, дигајќи виулици пилотина од своите чекори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И му дојде сега наеднаш, нагрвали којзнае од каде од него, чиниш се породи некаква фурија во некои неочекувани длабини од него, заедно со едно беснило, што го обземаше, заедно со она лудечка желба да се издроби во тој снег, и сето тоа полека се вообличуваше во оној лик, оној одамна сретнат и чиниш умрен со заборавот ѕидар, воскресна, чиниш сега сретнат како нешто, што се случува веднаш тука, пред неговите очи, чиниш со неговото тело, и тој набргу се најде целиот себеси сегашен во тој одамнешен лик, а неговото тело веќе сето се завитка во она, што тој отпрвин го имаше само во сеќавањето за набргу да се најде сиот, и духом и телом, понесен и збеснет во тоа...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Шетаа сами низ градот, како бели привиденија, во фурии, неретко во стадо, особено кога одеа на плодење кај прчовите на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од врата излегуваше како фурија, а старицата мавташе по него со ќесето со сендвичот полн со марула.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Мамо, мамо немој, - Кристина се обиде да ѝ се доближи, но тетка Олга како некоја фурија се сврте накај неа и ѝ просаска, - Мрш оттука!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Селото го запалија и како фурија заминаа пустите турчишта.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Како дива и пеколна фурија, како нагла градобијна бура, како надојдена матна река и облак од пламен - од куќа до куќа, од уста во уста се пренесуваше страшната и лошата вест.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Томето скокна од столицата, го гушна татка си, ја бакна мајка си и со Тина излетаа надвор како фурии.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
На пладне, како фурија со долга коса, се втурнува во дневната соба, гладна и уморена, ама не легнува да одмори, туку менува маица и пак низ врата, мојата ангеларија, со која можам да комуницирам само ако ја оставам на раат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Да знаеш, има само една година, а како фурија руши сѐ по станот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)