франшиза (ж.)
Таа е трајна деловна соработка, односно континуирано трговско сродство помеѓу продавачот т.е. давателот на франшизата (франшизерот) и купувачот т.е. примателот / носителот на франшизата (франшизистот) – кадешто целокупното знаење, имиџот, производствените и пазарните техники на продавачот на франшизата се достапни за користење на купувачот на франшизата, во замена за определен процент од остварената продажба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Меѓу оние најхрабрите, кои се одлучија за прифаќање на франшизата, се најде и Јаневски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Всушност, франшизата претставува практицирање и користење на бизнис процеси на некој друг.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)