фраер м.
фраерски прид.

фраер (м.)

- Оттука не те спасува ниту сто и првиот живот на некој си фраер измислен во книгите – процедува дибекот со качкет – Во триаголниците ја собравме твојата немоќ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Беше десетина години постар од мене, но поим за мојата генерација. Фраер и пол!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не ми се прави фраер. Ти се дига ли кога ја гледаш девојкава?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Голем фраер беше. Јас бев никој и ништо.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Бев со девојка. Сакав да бидам фраер.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
ВЕЧНО! нека плачат! 14 ехе-хе! ете тој фраер го глеаш влегува во проклетиот лифт се прославил по тоа како дошол до некои пет стапки дол стап не се зезам никој од вас го нема од пет стапки и тој влегува во - аха! ма замислете таков еден дунстер да влегува во шугава јавна куќа сакам да кажам јавен лифт?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Не е значи Херцеговецот никаков валкан мангуп од провинцијата, тој е оригинален фраер од нашата метропола.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Затоа што позгоден фраер не сте виделе! – ги пресече Весна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Голем фраер е братучет ти, и во школо кај нас зборуваат дека лудувале девојките по него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Биси, знаеш што? Многу е фраер оној Огне. Што велиш, да се фатам со него, а? – директно таа мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дефинитивно стануеш главен фраер у маало.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Тоа е превозно средство на голем број локални фраери и кицоши; статусен симбол, второ Јас, домашен љубимец...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Пред очи ми прошиба една позната скотска манекенка со дубоко деколте која смени накај 12-13 фраера за неколку години.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Кога нема партнер најчесто пикира фраери кои се дел од скопската шема кои се курчат со кешарица и скупи пијачки во трендовските кафичи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тоа лето Охрид беше преполн со Срби кои пеколно лажеа дека се сите добри богати фраери од центарот на Белград што, претпоставувам, во поголем дел не беше вистина, но девојките беа испраксирани да глумат дека веруваат во секој нивни збор, сѐ во служба на добар летен незаборавен провод.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На секое излегување запознававме по некој од оние фраери на батерии. Меѓу нив на мета се најде и Црниот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На врата како и секогаш стоеја двајцата добро познати охридски фраери кои се неизоставен инвентар на езерската чаршиска лига, секогаш подготвени за нови освојувачки походи на зрели и исончани Холанѓанки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во вашето доживување, тој е фраериштето, падобранецот, дечкото од маало.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)