фитиљ (м.)
Во едно тргнување фитиљ да истрга однатре.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
И се кине фитиљот. Ја угаснува некое залидано ветре, ја брише некоја ветроштина. А може свирката од Јошета.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Како воопшто го издржуваш овој одвратен, бездушен град кој не поседува минимум критериуми и којшто се пали бескрајно бавно и накнадно, ко фитиљ во цртан филм, и сѐ што имаме од него се тие комично гарави лица наутро во огледалото, ко проклети потсеќања дека овде сѐ е џабе и дека немаме шанси?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ламбичето на оџакот е со завртен фитиљ и одвај ги осветлува нивните лица.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)