финта ж.

финта (ж.)

Мислам дека сигурно му беше објаснил дека неговата дисциплинска финта, да ме испрати во Рокет****, не беше баш решение...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во логорите е „ ОК“, дозна тој, ако имаш добри врски и ако ги знаеш финтите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не беше штосот во рингишпилот туку во една финта што таа ја имаше смислено за да се забавува: како да се возиш колку сакаш, а само еднаш да купиш карта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ама, не ми било тоа доволно. Ги знам јас финтите на „големите“, ќе пушат, па ќе џвакаат мастики за да ја отстранат миризбата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сѐ уште го гледам: претепан, со крв што од носот му се слеваше во устата, со нога што ја влечеше, зад себе, оти Фисот го беше претепал како никој, Бога го беше отепал во него, заради есејот со кој Лудвик стана херој кога се смени власта; но тој, како што ви е познато, не наседна на тие „партиски финти“, како што ги нарекуваше, и иако му нудеа место во новата власт, тој не се огласи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Правецот во која се одеше беше погрешен, луѓето стануваа мајстори за лажење, како обид за излез користеа секакви можни финти како би се одбегнал пренадуван вакуумски балон...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Докажувајќи се еден пред друг во натпреварот со знаење на финти, при тоа се чудеа на реакциите на возрасните, се потсмеваа на нивната немоќ во обидот да излезат на крај, да се справат со поставеноста на системот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
(На оваа финта стално сум се кладел у опклада и стално сум добивал.)
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Е во однос на должината имаше финта.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Финтата е во тоа што јас не живеам во никаков град.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Со старите пријатели е најчудно. Покушаваш да им ги запамтиш ликовите, заедничките моменти, сите финти, интересни случки... Тешко ти е без нив.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Главната финта беше да се одговори на длабокото егзистенцијално прашање - што сакаше писателот да каже? Набрзина ќе објаснам.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Се случуваше некој од нив да се пожали и поради недостижноста на женска, принудна врска помеѓу два исти пола или украдена финта од страна на колегијален соперник за, со чашка прекрасно виски, неронско-ораторски да заклучи дека сите најдобри муабети отсекогаш останувале по бифеата.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
До првата финта што ѝ ја направија во печатницата: ѝ ги сменија боите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако животот е казан во кој си додаваш и готвиш посно, масно, мешаш, посолуваш, ги криеш тајните финти од сите други или им ги шепнуваш само на најдобрите пријателчиња, колку да се знае што готвач на животот си.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А, се сеќавам дека престиж беше да имаш ноже специјално за правење форми од дуњата на Џорџе Балашевиќ, од „строубери“ од „Д Битлс“, од тиква од една за мене грда македонска песна, па да ги свариш во компот и задолжително да поделиш по комшиките зашто која е финтата ако теглите ги наредиш во визба во која само ти влегуваш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ниту една финта не беше поголем комплимент за случајниот мувач отколку да му кажеш: „Слушај, кога те видов вечерва како влегуваш во баров, си реков ’Грешка е, гарант. Овој да не не знае дека местово е геј-бар? Нема шанса да е геј. Намерно е тука? Не ми се верува дека не е стрејт’“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)