филхармонија ж.

филхармонија (ж.)

А директорот на филхармонијата довикува со пушка на рамо дека на боиштето му е подобро отколку во филхармонијата и бара да му праќаат муниција наместо ноти.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Од мака само свират на кавал и толку се извештија, што бараат да се формира овчарска филхармонија!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ех, бе, Кико, ич не ме прашувај и мене како се бега од историјата и како се прави помфри од норвешка сорта компири во рестораните на „Мек Доналдс“ среде Москва додека изгладнетата филхармонија на врапците се подготвува да ти го отсвири Вториот концерт на Рахмањинов.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Секоја Нова година е исто: ни отпосле не ни е јасно дали го слушаме или го гледаме традиционалниот Новогодишен концерт на традиционалната Виенска филхармонија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Секоја Нова година е исто: уште неизлезени од големиот сон, со глави стежнати од желби и вино, со усти суви и жедни за расол и вода, водичка, онакви – баш никакви: неизбричени и ненашминкани, - на телевизија го гледаме традиционалниот концерт на традиционалната Виенска филхармонија и традиционалното ракоплескање во ритмот на Радетскиот марш на богатите Арапи, Јапонци и богаташи од други џенемии кои, инаку, се навикнати ним да им аплаудираат севезден.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Секоја Нова година е исто: на телевизија го гледаме традиционалниот концерт на традиционалната Виенска филхармонија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Мислата како амајлија која ја води низ векот, животното искуство како мелодија која ја надополнува композицијата. (Дис)филхармонија на морфолошките истражувања, скрибомански пориви кои везат проникливи теми.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Секоја Нова година е исто: уште неизлезени од големиот сон, со глави стежнати од желби и вино, со усти суви и жедни за расол и вода, водичка, онакви – баш никакви: неизбричени и ненашминкани, - на телевизија го гледаме традиционалниот концерт на традиционалната Виенска филхармонија и традиционалното ракоплескање во ритмот на Радетскиот марш на богатите Арапи, Јапонци и богаташи од други џенемии кои, инаку, се навикнати ним да им аплаудираат севезден.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)