фиксирање (ср.)
За разлика од печатениот текст со едносмерното движење во правецот на вртењето на страниците, хипертекстот е радикално различна технологија, интерактивна и повеќегласна, која го фаворизира плурализмот на дискурсите пред дефинитивното фиксирање на текстот.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Историски создадените алфабети влегуваат во кругот токму на овој тип на писмо, иако во нив честопати се набљудува имплицитна реализација на фонолошкиот принцип и фиксирање во писмото на оние фонетски разлики кои имаат функционално значење.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Пронајдокот на алфабетот го означува најистакнатото достигнување на културниот развиток на човештвото во целост, кое во алфабетот доби едноставно и економично средство за графичко фиксирање на говорот и негов пренос во време и простор.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)