физиономија ж.

физиономија (ж.)

На неразбирлив и невидлив начин затворениците се групираа меѓу себе и му дава на секој кауш посебна физиономија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Неговиот сосед со тенка физиономија на птица е управникот на експортното друштво за тутун и кожи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во длабочината на ходникот забележав една пристара женичка, чија физиономија ме потсетуваше на ликот во еден неодамна прикажан француски филм на скопската телевизија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Анѓа, босанката Анѓа од Париз, на која не можат да ѝ се определат годините поради нејзината, речиси, безлична физиономија, и поради жолтовосочното безизразно лице, ја сретнав во едно наше претставништво.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Франкфурт, велат, од германските градови најмногу ја зачувал својата стара физиономија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Списанијата, пак, со сериозна физиономија, ја побараа причината за нестанокот на Артистот во неговите уметнички неуспеси.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Беа тоа трите млади поети – Апчо, Клапчо и Шљапчо, со хибридни физиономии меѓу слатко заморче и алчен чакал.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Овие нови зданија, заедно со стариот Камен мост и големата извишена тврдина зад нив, позната уште од праисториските времиња како главно упориште на сите империи на Балканот, ја формираа трајната физиономија на градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Неговото „продавање“ на висока уметност е помалку проблематично во справувањето со костими и физиономии.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога нашите очи за првпат се сретнаа во препознавање, се сетив на Париз и долгите мерцедеси кои пловеа низ дождот кон Нотр Дам; мобилни стакленици, со јапонски физиономии зад стаклото и стотици никони кои се дигаат во слеп фототропизам, цветови од челик и кристал.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А јас, и покрај раната, и покрај страшната болка најспокојно се доближив до господинот Барбашин и кога го треснав по физиономијата...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој има сурова физиономија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Читајќи револуционерна, анархистичка и нихилистичка литература и дружејќи се со анархистите дојдени од Швајцарија, гемиџиите ја добиле идејната физиономија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
(Султана одеднаш го искривува лицето во нем грч. Ја фаќа главата со раце. Никој не ја гледа, но сите знаат што се случува. Султана минува низ нема агонија. Пауза. Лицето се враќа во нормална физиономија. Пауза.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Таа открива физиономија на жалосно жапче и така покажува дека ова не е никакво тврдо становиште, а просто посочување на една можност.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Итноста ги грчеше физиономиите во тонирано исчекување.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
За конкретни и познати физиономии од минатото сигурно не размислуваше (иако ѝ беа познати многу од лицата на расфрланите наоколу фотографии) додека бурињата понекои полни со вино, и поредени токму овде, каде што се наоѓа сега софата можеше да си ги замисли.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Некако ми стана симпатичен, иако неговата физиономија се косеше со сите мои вкусови и принципи, како би требало да изгледа едно машко.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Имаше одлична физиономија со оглед на струката, само што му фалеше висина.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)