фарса (ж.)
Фарса било тоа, вели, мижи да те лажам...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како да се објасни некому дека блесавата фраза „нема проблем“ - којашто со себе како јазичен сувенир од Југославија ја понел секој турист - престорила во црна фарса цела една земја.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тажните гласови на репортерите, долгите кадри, сликите на мртви тела, погреби, лешеви завиткани во национални знамиња, ритуалните примања на воените одликувања, толку слични на примање хостии, ужаси проследени со балканско новокомпонирано дрндање, шлагери што со фолклорно дерење му се закануваат на непријателот дека ќе биде уништен, сиот тој новокомпониран патриотски фалш, таа кичерска пропагандна индустрија на војната - сето тоа се крчка во балканскиот лонец помеѓу трагедија и фарса, страдалништво и рамнодушност, сочувствување и цинизам, гроза и пародија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој е автор на трагичната фарса во која силата на потсмевот постигнува многу повеќе од отворениот револт.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Има крај на атеистичката фарса, си помислувам надежно?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сѐ е пресметано: и средбите со блиските, доколку дојде до нив, и програмата... како во проклета фарса со многу диктирани и непредвидливи улоги на сокриениот режисер.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Уште еднаш беше спуштена завесата на новиот чин на траги – саркастичната фарса.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Зашто и од таа длабока потсвест ќе знам дека на тој начин ќе се лизнам од трагедија во комедија, или подобро од драма во фарса.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сево ова беше една голема фарса, невозможна игра, која никогаш не би се случила како што предвидуваа школските воени стратези.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Неговата придружба, која беше историја за себе, со амбиции да му се додвори на таткото на нацијата, симулирајќи ја неговата моќ и луцидност, ја играше вистинската улога на комедијата на апсурдот. Кралот Иби, од истоимената фарса на Алфред Жари можеше да му позавиди.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А мене сето тоа ми беше неподнослива фарса.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Руски драмски писател (трагедии, фарси и водвили) и раскажувач, новинар и автор на хуморески.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Градот е ѓавол, градот е зол градот сурово наденува на кол преполн со завист, нанесува бол загадочен исто ко Гордиев јазол Премногу фарси, премногу маски градот е подготвен сѐ да прими премногу надежи, премногу лаги а градот загаден сите ги голта
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Ѓаволи историјата секогаш се повторувала како фарса. Некои трагедии се бескрајни.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Камилски ја разбра алузијата преку оваа француска изрека од една фарса (од времето на Рабле), дека треба да се вратат на приоритетната работа, се насмеа и во весел тон продолжи: Во право си, пријателе, зборови многу, а време малку!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)