фантомски прид.

фантомски (прид.)

Доста е јасно дека сите студентски судири (како и пошироко, на нивото на глобалното општество) околу претставништвото, делегациите на власта, од истата причина, сега сѐ уште само фантомски перипетии кои се, меѓутоа, сѐ уште доволни, од очајание, да го заземат првиот план.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во темните соби вчас ќе заиграа фантомски сенки, таму каде што завесите сѐ уште не беа навлечени.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Реторичкиот топос на овој модерен шаман е наштелуван на колективно заведување, на масовна навигација во насока на една фантомска, инсценирана слика на светот. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 93
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Почнуваше нашето фантомско патување од музеј во музеј, од сцена на сцена, оневозможени за средби со обичните луѓе, со нашите блиски.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Невин, него го ликвидира сталинистичкиот режим поради англиската врска, во еден од своите фантомски судски процеси.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Гледала жени во црно, со покриено лице, како со фантомски чекори минуваат покрај нив.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мојот престој во Албанија се претвори во вистинска рашомонијада, во фантомско патување меѓу семожни режимски режирани фантазми.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Гледана од страна, авенијата Пердју навидум изгледа како фантомска населба во која не вирее никаков облик на живот (налик на оние разурнати градови во апокалиптичните футуристички филмови).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Отворено е широко поле за активност на сите уметници, отворени се сите благородни извори на инспирација, а ти од нив црпиш само фантомски измислици, надуени, пасквили, црно-бели плакати, памфлети, алегории, макар и со лични имиња. Така може секој, така знаат сите!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Откриена нова фантомска градежна афера.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во хотелот Monsieur le Prince не беа многу изненадени од фантомското идење и заминување со празно и полно куферче на гостинот од собата број 17.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)