учебник (м.)
Историски факт е дека сѐ до 60-тите години на XIX век македонскиот јазик, па дури и со извесни учебници на „македонското наречје”, се употребува во приватните и во општинските училишта во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако притоа додадам дека пропагаторите на македонскиот сепаратизам се зафатиле мошне студиозно и со ентузијазам да печатат книги, речници, читанки, историски учебници и граматика на македонски јазик, тогаш можете пореално да ја сфатите опасноста за бугарштината во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
4. Или Мисирков, поради непостоењето на претходни истражувања, не можел да ги согледа процесите во развитокот на македонското ослободително движење во неговата целост или пак, во брзината со којашто ја подготвувал книгата, просто не успеал да се доискаже, да го прецизира својот исказ, зашто и во македонската историја националната борба ѝ претходела на политичката: најпрвин се развива движењето за свои цркви и училишта, за свој јазик и учебници, т.е. за национално-културна афирмација во рамките на Турција, па дури потоа и знатно подоцна за организирана борба за „политичка автономија” и за ослободување од Турција.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ги заборавила играчките и учебниците таа Илинка Пакова.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Сега жалеше што со себе не понесе и некоја книга, некој учебник, со нив полесно ќе му поминуваше времето, книгата можеше да му биде другар во долгите часови на осаменост.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Тоа и не е можно, - почна да ги брани мајка ми учебниците и да ги оправдува наставниците.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Додека над градот се затегнуваа невидливите јамки, јас лежев склопчена на каучот, совладувајќи ја индијската мимика, учејќи го регистарот на индиските чувства како по некој учебник...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ја совладувам американската мимика, ги учам регистрите на американските чувства, како по некој учебник.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сите нацистички или фашистички школски учебници се служеа со осиромашен вокабулар и со осиромашен вокабулар и со елементарна синтакса, за да можат во корен да ги сосечат инструментите на комплексното и критичко мислење.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Иако детската уметност не беше единствениот извор на инспирација на овие модерни уметници, нејзиното влијание е неоспорно (макар што денес одвај се спомнува во модерните учебници).
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Поточно ни тоа не сум за да ме споменат во учебниците.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Нацизмот постави мера на апсолутна социјализација незабележана дури ни во педагошките учебници.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
„А дали било вообичаено - јас само го наведувам она што сум го прочитал во учебниците по историја - дали било вообичаено тие луѓе и нивните слуги да ве туркаат од тротоарите во сливниците?“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Наеднаш, оној дел од учебникот по историја што Винстон го препиша во својот дневник, му се врати во сеќавањето, и го обзеде лудачки импулс.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Имаше исто така и нешто што се нарекуваше jus primae noctis, за што во учебниците за деца веројатно не се пишува.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ако не плампоти ламариненото ќумбе, го разгорувам со неколку дрвца и се нурнувам или во учебник или во книга или запишувам по нешто во Дневникот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Наместо учебник, пред него беше отворена една книга за пејачот Џим Морисон.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
„И Филип ќе оди, да знаеш - супер ќе си поминеме“ „Во оние борови шуми на Малешевските Планини, па и крај вештачкото Беровско Езеро секако е пријатно и летно време“, се обидуваше Влатко да разговара со Теми, која божем незаинтересирана го слушаше разговорот и како да бара нешто меѓу учебниците и тетратките.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Телефонски именик Уште еден анахронизам складиран во визбата веднаш над учебникот по марксизам.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Така придонесот на Мајка во балканската историја останува единствен, него не ќе го најдете ниту во една победничка книга или во некој учебник на која било држава на Балканот…
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)