уцени (св.)
Тој знаеше дека сите овие чорбаџии располагаат со добри парички, та ќе може да ги уцени и да направи еден „алашвериш", како ги викаше тој своите подвизи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
По таа причина и војводата Михаил Апостолов — Попето не успеа да го фати Челебијата за да го уценат султанот со голем откуп.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од друга страна го заскокоткаа Арслана и Сефедина оние петстотини лири што ги зедоа од витоливци, та добро им дојде Толе да можат да ги уценат и другите села како Витолиште.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но кога наполно ја изгради и кога требаше да се всели во неа, да го мине во неа остатокот од животот, качаците го уценија да плати големи пари.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Лобуд-паша му го дал на Ѓурчина ќемерот од Алија со парите, коњот и јатаганот, и уште му го дал и откупот за главата на разбојникот што била уценета.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ѓурчин победил, му ја отсекол главата, ја ставил в зобница и ја однесол во Солун кај Лобуд-паша (со кој Ѓурчин бил добар пријател) бидејќи знаел дека неговата глава била уценета од турските официјални власти.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но ова не го спречи Вангела уште еднаш да ме уцени.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Вангел веќе најде начин да ме уцени и така да ја зголеми цената за метро длабинско на осумдесет германски марки, независно од претходниот договор.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)