утешно прил.

утешно (прил.)

И сакаше да го замоли за прошка, да му каже нешто убаво, утешно, да му ја зблажи болката: Не жали, вујко Аргире, ваков си го видел, толку многу куќи си соѕидал!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Утешно е тоа што тие не се сеќаваат на моето име, но нивните служби веќе прекопуваат по картотеките и кај да е доушниците ќе им го шепнат моето име.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Еден ден сите ќе ни платат, и козите и козарите, ќе заврши, еднаш засекогаш, ова проклето козјо време, дополнуваа утешно партиските функционери во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Можеби поради снегот, е во некоја друга просторија, си помисливме утешно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога сме кај сметањето, да ви кажам дека во циркусот опсесија ми стана пресметувањето на волуменот на чаши и пехари; ме интересираше колкав е волуменот на еден женски папок, штом толку ѕвезди собира во него, и какво жестоко небесно питие има во папокот на жената при парењето, штом толку жестоко опива тој пијалак, сосема невидлив, занемарлив кога се изразува во единиците за волумен); значи, тие имаа простор, ние дел од него; ние бевме прогонети од големото на малото небо, а нѐ прогонуваа такви како Луција, како Фискултурецот, како подоцна и Земанек; така беше тоа и беше – утешно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кој знае зошто, утешно му делуваше тоа што во делот од именикот за Скопје го најде своето име со точниот телефонски број.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Седнаа, скрстија нозе, ѝ се насмевнаа утешно на подуената од плачење Калија, каснаа една до две леблебии и испија по чавче салеп.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беше можеби и добро што не знаев за оваа тајна функција на шифрантот, што би можело да биде извор за нервози и фрустрации, помислував утешно!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сигурно во секој момент ќе пристигне, си помислив утешно.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ова се случувало на празничните денови на Римската империја, но во денешни времиња човештвото осудува на мачеништво и свирепа смрт милијарди животни, размислувал утешно стариот Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во материјалниот свет сѐ е една голема неправда, а бидејќи не знаеме дали по ова постоење ќе постоиме во некоја друга реалност, во некое утешно постоење, единствената утеха на овој свет е убавината.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стариот телевизор брмчеше на висечката полица, и луѓето, стуткани еден до друг, утешно ги вртеа главите.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ги има такви уште многу, помисли утешно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Што биде нека биде, си велеше утешно во себе. Нека триумфира науката! И така и тој заспа со отворен речник во рацете...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се потсетуваше утешно на пораката на Хорациј дека кога еден збор ќе замине, тој повеќе никогаш не се враќа!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)