урок м.
уроклив прид.

урок (м.)

Дај боже, сегашното востание да ни послужи како еден урок за нашиот народ, урок за сите нас Македонците, без разлика каде сме се образувале и како досега сме се викале.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
АРСО: Дај го, баба Цонке, кумашинчето да го видиме. (Го зема.) Машала, машала, угоено е да не е урок, прасенце! (Ѝ го враќа и ѝ дава знак да му го даде на Теодос.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Седи си мадро на сврчокот секонотина — урок.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Следните неколку месеци Марина доаѓаше уште попедантно облечена и исчешлана во училиштето, но, со сѐ помалку научени уроци и порасеана на часовите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Откако ќе ја сместев Ели во нејзиното креветче, заградено од страните со високи мрежи, и ќе ја натрупав со сите играчки, се зафаќав со приготвување на уроците.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И после мечкарите кубеа влакна од мечките и ги продаваа за од уроци, за од почудување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зашто не со зборови туку со ѕвездило таа ги пишува ѕвездите, и низ водени гласови шепти со дождот, зашто тројни јазли им врзува на болестите, и на сите уроци, уплави и нави што кружат околу твојот сон, зашто ја напишав оваа песна: лековита!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
А сега прво ќе свршите една работа, а после јас ќе ви го кажам вториот урок и за денеска ќе биде толку...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ова, деца, нека ви биде првиот урок од мене.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога ја купивме третата, таа беше убавица и за да не ја фати урок спасителката Сталинка, ја завикавме Грда.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со него заедно плачеше и мајка му и не знаеше што да му направи; му даваше насила да цица, но тој ја отфрлаше брадавицата од устата, ја стегаше устата кога му даваа со сила лајче со чај од тревки; му врзуваа амајлии против урок, нагаза, нави, шенци, клиње, не знаејќи од што му иде лошината; му облекуваа кошулче од немо дете, му ставаа камче во лелејката од пресушена река или поток за да му пресуши плачот; го шетаа од раце на раце тропајќи во тенеќе или бутин за да го ошеметат, но ништо не помагаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Што би било ако родителите ги учат уроците место нивните деца? Кажи, што би било?
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Заради големата школка, заради морето во неа, јас поначесто се преправав болен за да ме замијат, да ми го избркаат урокот, да ме благословат, да ме сожалат и да ми го остават ќесето со каменчињата и со школките.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не го разѕида оној скржав живот од едно до друго лето овој срт од пелин безимен – крстопат или проклетство само; камење успано на сонцето на урок и молитви растено.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Трагичното се состои во прилогот што го пружаме лично и свесно кон несреќата, наша и на другите особено љубените Господине, но смртта има своја предисторија и може да се посматра во развој: рано во детството се огласува во лажните утехи за починот на блиските во ветувањето дека се отсутни само привремено и дека ќе се вратат - тогаш зборот враќање ги почнува своите преобразби - во криењето, небаре од урок на ожолтениот портрет на покојникот оти и памтењето е враќање безгласно како самрак;
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Одеше по жени да дознае нешто повеќе за него, отиде кај турска бајачка дојдена од херцег-Босна, а еден ден скришум ја посети Мадам Мими, еден медиум чии огласи за натприродни моќи, претскажувања, симнување магии, лек против уроци и наоѓање исчезнати, повеќепати читаше во весниците, додека во нив ги замотуваше завршените алишта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Можеби јас сум еден од оние кои сликаат според соништата кои одбиваат да ловат, значи да убиваат со полуотворената уста на стрелата за да ја наполнат својата и на своите жени плодови саможитни што берат и за нас се молат да има улов повеќе одошто ни треба (жените кои мислат поинаку ги праќаат своите души на срните да им бидат штитник на стрелите урок) за пречек ни принесуваат богат огрев богот на гревот ни го ложат пред спиење за да заборавиме на писокот на жртвите поостер од остриците во нив набиени за да гинеме од ноќ во ноќ непоштедени од грозата на лажната смрт заблазувајќи им на оние кои писнале еднаш засекогаш!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Лека полека, неосетно, влегуваат и приказните на бабите коишто, искрено речено, најсилно ми го крепат љубопитството и ми ги вардат очите од пролетни алергии а и од други уроци.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Пеевме тогаш, Мама Хуанита, Куку-руку кууууу Паломаааа, цела ноќ пеевме а наутро ги сркавме првите чорби во Букет и Победа и ги учевме првите уроци по брзо растење и пиење на вересија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Е, тогаш дедо ви ќе се загрижи дека сте ги надлетале и облаците и ќе рече дека е крајно време да ве одведе кај бајачката во соседството - за неа сите знаат дека ептен ја бива за баење од уроци, ама и од секакви летања со умот, нарочно над облаците.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Повеќе