урнек м.

урнек (м.)

И сега има две тела на небо, Христос и пресвјатаја Богородица. Тие се на сите христиани урнек.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Ја израмни од едната страна отсечувајќи ја колку што може на крајот, ја посла на душемето, зеде едно парче за урнек од исечените и со него почна да мери и со ножот да бележи каде ќе ја расечува.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Виде дека тоа претставува бања; онаа бања која Илко си ја замислуваше да се изгради на брегот по згаснувањето на чадот: брегот беше изнавезан со зелена, жолта кафеава и лилава боја; бањата: ѕидовите, бели, а покривот црвен; по брегот разни дрвја, цвеќиња, клупи за седење, рекичка, мостиња; најдолу пишуваше: ”Јас, Илко Лечоски му оставам за спомен на селово урнек од бањата која ќе се гради на брегот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
III Живеевме во срцето на Козар маало, во стара двокатна куќа крај реката, во низата градби според отоманските архитектонски урнеци од почетокот на веков, со видливи европски примеси.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ова се рефлексии за урнеците. Понатаму нема да ги разгледувам националните карактеристики во скорешната уметност. Направете го тоа сами.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој исто така нуди сопствена експлицитна дефиниција: „акт на афирмирање или на негирање или на квалифицирање на пошироки урнеци на значење во однос на потесни или целни урнеци на значење”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Говор, патетичен како по урнек, како на отворањето на собирот...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Јас го одбрав овој над кафезот, ставен како урнек за вашите петли.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
– Италијанското знаме го сошив самата, според урнекот на знаменцето, неколку дена откако крај нашата куќа мина колата во која беше кралицата Џералдина, со принцот Лека.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Да затоа дојдовме да те молиме да ни даиш еден урнек, за каков сакаш да ти го напраиме и до вечера да ти го донесиме, дали дебел го сакаш, дали танок.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тие денови, постојано го одлагав одговорот на едно од мајкините писма, за сметка на овие дипломатски депеши, кои имаа миговно значење, како обичен воден цвет, кои еден ден ќе завршат во архивските гробници Во моите очи оживуваше мајкиниот ракопис, видливо неизменет уште од првите урнеци на првите учители кај француските лазаристи во Солун.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој се определи за следниве најчести заемки: аршин, најраспространета заемка за означување должина, ширина и височина (62-75 см), (од турски аrşin); ока, мерка за тежина, 1 238 г (од турски okka); чифт, пар, рало (од турски çift); еден, непарен, осамен (од турски tek); ѓутуре, кутурица, нешто земено без мера, на куп, наеднаш (од турски gütüre); карар, мера, умерено (од арапски ḳarār); ајар, мерка на чистотата на златото, а и точно и прецизно регулирање на саатот (од арапски ʿiyār); фира, тоа што се отфрла при мерењето и почесто при изработувањето на нешто, отпадок (од персиски fru); урнек, јурнек, образец, пример, кројка, модел (од турски örnеk) Климент Камилски се чувствуваше осамен на бојното поле со турцизмите кои го напаѓаа од сите страни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во последниве векови, по Француската револуција, се наложи урнекот на една од можните демократии, по цена на многу жртви, пролеана крв.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)