уредност (ж.)
Во тој миг, во мигот на завојување на Потковицата од страна на Турците, тоа го спаси Имотот од уништување: богатството, уредноста, пресметаната понизност на двајцата мажи што го пречекаа садриазамот, а потоа и онаа, понижувачка но среќна историска околност.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа направи садриазамот да го измени решението, а кога со уште некои главешини влезе внатре, во дворот на Имотот, силно се учуди од богатството и уредноста што беше насекаде присутна.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Иако мојата уредност се јавува повремено.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Навистина убав, обмислен ред на постапки; сѐ се чини толку природно; мислам дека неа воопшто не би ја збунил заклучокот дека сите овие постапки всушност укажуваат дека таа е домаќинка која отворено ја прикажува својата наклонетост кон уредноста: Ништо не смее да пречи, да недостасува но дури ни да стрчи.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Викторовата уредност му налагаше сѐ да протече во совршен ред.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)