умен прид.

умен (прид.)

Еден просветен народ може да се срамни со еден умен човек; затоа наш долг е да ги вложиме сите свои сили со своето работење да го просветиме нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ЕФКА: Јас верувам, Кево, знам колку пари имам в ќесе. Девојката е умна, мила.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А што девојката е убава, работна, умна.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Што останал веќе ум за да речам умен збор...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: Јас ќе му речам на татка им дека се многу умни и да прати пешкежи за Спаса и за Танета; за Спаса кукла голема со коси та кога ја навали да спие, а кога ја исправи да гледа; а на Танета, да му прати еден костим граѓански алишта, една топка за да си игра и една музика да си свири.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Историјата — мешаница на умни или глупави идеи.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Не куди се на Антица, прочуена ти е за умна.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Вие сте долго- коси кусо- умни!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
БАБА АНЧА: Народ, како народ... Ни сите прсти се еднакво долги, ни оти сиот народ е едкакво умен.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Има итри и умни пилиња. Ластовичките, кога бегаат наесен преку море, не можејќи да ја прелетаат водата, се качуваат на кораби.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Момче убаво да ѝ навее; свекор и свекрва умни, разумни и живот со неј да си помине. Татко и мајка да слуша.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Убава мома ќе стане. Умна, разумна ќе биде. Мајка и татко ќе слуша.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најпосле здивна малку кога се сети на Најда Коџабашијата, кој беше човек умен и разбран.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога се исправи со стиснати тупаници за првпат го виде неговото лице со ниско чело умни, повеќе потсмешливи отколку насмеани очи и усни, што не беа калап за забите, ни мера, рамномерност, соодветност за женскиот нос и меката брада.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа се умни очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А Анѓа со ништо не изостана од Јована. Порасна и јадра како него, и убава како него, и умна како него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Уште од своите четиринаесет – петнаесет години заоде овчар на глава и тоа молзничар. Му завидуваа селаните на Трајко Сирмев со добро и умно дете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Од умна болест“ , одговараа а тишината се повлекуваше и ги оставаше шепотите смрзнато да висат над нив, да ги дави, да им ја пие супстанцата, да биде куп гнили крпи околу гнили мумии.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Малото маче - шареноглавче живеело во една селска куќа заедно со својата мајка, умната Шареноглавка.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
4. Ако доброто почна да бега и од него зашто тогаш не му рекоа обвинет си дека си луд, смртна опасност си за луѓето, дојди на испитување, болницата се наоѓа таму и таму, бројот на телефонот е во телефонскиот именик, туку дојдоа како ураган, обајцата - горила со ниски, безгрижни чела и зелени подочни кеси, обајцата колку тројца како што беше тој, набрекнати, сити рамнодушни за сѐ, дури и за себе, ни толку умни за да бидат некогаш луди.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе