улиште (ср.)
Оној третиот Пенчо што го знаев - сонот на моето детство, бестрашен и силен, господар на сите деца од улицата, со параден војнички чекор, слободен од стегите на уличиштето - полека гаснеше во мојата свест и оставаше во мене некаква празнотија на измамен човек, навреден до солзи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Така, колебливо, мрсен Петко бидуваше де овој де оној додека најпосле со кикот не беше прифатен играта, а децата на полјанката под коријата изгледаа како од кошара побегнато улиште што нашло тука слободен простор за луда, невоздржана игра до наситување.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Иако лутата течност не беше варена од зрела `рж бев пијан и безумен и знаев дека сите во крчмата се плашат од моите очи - улишта на пакост и закана.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Мисериштето на Трајана Пегрески, ставено на една мишка од големиот орев крај патот, изгледаше како побегнато улиште, што тука се фатило.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Го носам бутот, а, по мене, улишта муви се загнале и ме облетуваат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сакаме да ја прелажеме матицата од некое улиште. Ама не се јавува. Ни матица, ни улиште се јавува. 90
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И други пакости правеше: на Мравевци им го запали улиштето оти го касна една пчела.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На поплочена плоштатка пред црквата, во камено корито, низ железна шепурка, живо и осамено истураше чешма, а во неограденото и заедничко двориште на црквата и населбата, околу кошарки од врбови прачки, кои беа начепени со лепешки измешани со плева и помеѓу кои се шеташе живина, шумно се роеја улишта.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Пукам во војниците што налетуваат ко улишта.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од секаде да гргори, да ромони, мислиш разлутено улиште пчели.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Небаре улиште да им излегува од устата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Подоцна некој бабуњосан Адам Лесновец, за кого можело да се поверува дека удрил со муцка во улиште, им кажал на луѓето од дружината дека човекот во ветов кожув се вика Доце Срменков.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Сестри... Но и без нејзиниот повик жените биле улиште што ќе истури брчење и лутина на отров врз неговата глава на која еднаш, како што можело да се поверува, веќе налетале куп оси.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Загледан во албумот, одлетан со мислите, Богдан не забележа дека над него во короната на борот долета избегано улиште пчели.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Додека го варев кафето во длабочината на прозорецот, слушнав како некоја жена гони рој пчели, се изроило улиште.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Врти се роју умен, вртлогу
ти кој си на небо, биди на земја
вртилишта, улишта, восочни легла
рам-меморија на приземје и кат давам
за твојот „латински џагор“26за твојот бесценет секрет
меден збор, афродизијак
и медовината капната од небо ти ја давам
на серафим налик и на мираз
од нечија блага душа
и изблик на вечноста ти нудам
„гола како кокошкин врат“
за да се собереш, сакана
да дојдеш на врв врба
во моето гнездо озарено со етер
со екстракт од масло
со медоносно билје
ти нудам енигматични игри
крстословки, ребуси
пополнување на празнините и сотките
осмислување на келиите -
безбројните восочни клетки
ко минијатурни смрчки
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)