улица ж.

улица (ж.)

Одот на српското влијание во развивањето на народното самосознание кај Македонците и неговите резултати се претставуваат во овој вид: Во 1889 год. во Белград во пансионот на Светисавското друштво на Космајска улица имаше околу 50-60 души млади Македонци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Ура! Ура!“ Се слуша низ улиците) Ете, борбата започна.. .
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
(Пред Јордановата куќа. Напред улица, во дното сокаче. Долу вратниче, горе два прозорци.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Лево врата за соба, десно два прозорци, кои гледаат на улица.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И кога татко му го наврти цел град да ми вика „уа!“, да не можам да препоминам по улица? (Гордо).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
РИСТАЌИ: Ајде, да кажеме дека и тоа добро сторил што ја донесол горе кога била во несвест, не ја оставил на улица да се бере светот, околу неа како на исфрлена, ама не разбирам со какво право се осудил да ја бара за невеста!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
САВЕТКА: (кинисува и подзастанува). Како врева на улица не ти се слуша ли?...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Мече беше без родители и се скиташе по улиците сѐ додека еден ден не го прибраа во детски дом.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Пред мене се редат куќи и улици, училиште селско, варосано, чисто, о, спомени детски, одбегнати птици, ко детулче каде јас сум учел писмо!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Во улицата го знаеја под името Белчо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Каква улица? - Одаја, се поправив. - Каква одаја? Она што барав, најдов.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Професорите од жолтата гимназија, луѓе сиви и без разбирање за сиот живот околу себе, и жителите на безизлезната улица, ситни во своите страсти за кои најголем настан по некоја светска војна беше апсењето на стариот Адам, не ми беа разбирливи, во нив не го видов она што е спротивно на злото иако многуте не беа зли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Шо дека се гледаат, кога не може нишчо да биде од тоа гледање?“ — си мислеше таа, одејќи си горе Мидовата улица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Децата што го слушаат си разотидуваат, а тој си продолжува во наредната улица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ќе видиме кој на кого! — и одговори Крчо и побегна долу Црневата улица, за да му стори абер на Шпира, вечер да слезе до кај нив долу. — Татко нешчо те вика, — му рече.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кокошките на патот рипаа од место кревајќи облаци прав, а зачудените луѓе зад нив, уплашени, погледнуваа по улицата нагор чиниш да видата дали арамијата сега по нив не влегува в село.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Жените и мажите го чекаа пред порти или го пресретнуваа на улица распрашувајќи се преплашени и жалејќи го деда Бошка што го снашло вакво зло.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го чекаше Бошка да мине по улица.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мојата улица е мала и безимена, со обични радости и обични грижи, и да нема зеници од сонцето подгорени не ќе може ништо со светот да ја зближи.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Тажно е во ноќта да бидеш сам со птиците, да чекаш со нив сам в некоја пуста станица, и додека некој се лула низ улиците да мислиш дека ти си, ти си тој пијаница.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Повеќе