уигран (прид.)
Уиграните настапи на нашите литературни воајери се немилосрдни и сурови: со националната вистина нема компромис или ценкање.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Бевме како добро уигран тим кој на дрогерашките терени не може да падне „даун“.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Ги сметав за богови; нивните соло партии ги свиркав со устата воодушевувајќи ѝ се на инспирацијата што ги создала; но кога научив да свирам саксофон, кога технологијата на свирење (на дишење и работа со прсти) веќе сосема беше совладана, таа магична аура околу нивните солоделници сосема исчезна: јас видов дека таа совршеност во огромен дел се должела на техниката на свирењето и дека некаде, токму техничкиот потег на прстите, уиграната техника на дишење (неможноста да вдишеш двапати по ред без да издишеш) била таа што решавала цели пасажи од мелодиските линии.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Му го кажаа и името на барот. „Нели ќе дојдеш?“ му вели малечката и авторот знае дека малечката е мамката и дека е ова добро уигран тим.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)