узреан (прид.)
Како огромен шарен килим долу се простираше полето и искапено во утринската роса се преливаше во златото на узреаните оризови класја, во зеленилата на тутуновите стеблинки, а тек-тук се белееја и снежните пахулки на памукот што избиваше низ распуканите чушки.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Но се ловам дека сиот се отворам како узреан цвет да впијам што повеќе плач во себе. Туѓ плач.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И да вели амин И мајка ти потоа да стане И да ја принесе првата чинија узреани черешни Од вашиот двор.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Со многу суви везени пиперки и узреани црвени домати во земјен грнец, убаво поклопен, убаво околу наоколу залепен со тесто и на оган од суви говедски лепешки.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Пупките ми дошле ко узреани црешни.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Алајко и Мире седнаа под една узреана слива во дебела сенка и ги чекаа селаните. Јадеа од сливите, ги киселеа лицата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И грашокот, што сега требаше да биде узреан за берба, веќе беше засушен.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
4. Ако, врз основа на расправа, узреале за конечна одлука само некои од повеќето тужбени барања, или ако само дел од барањето узреал за конечна одлука – судот може, во поглед на узреаното барање, односно за делот од барањето да ја заклучи расправата и да донесе пресуда [т.н. делумна пресуда].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Овде е и мирисот на узреани урмини дрвја, палми со огромни набрекнати листови.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)