удостои (св.)
Сигурно му упатуваше благодарствени молитви на големиот пророк што го удостои и овој ред да биде негов слуга и да му принесе две ѓаурски жртви на неговиот олтар.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кондуктерот кој доаѓа за проверка на билетите, е удостоен со лежарно мавнување на раката.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
На крајот ќе бидеме удостоени со уште една благодат!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Го кажав тоа бесно и гневно, не затоа што ми пречеа ората и народната песна, туку тоа што Луција не ме удостои со ниту еден поглед, откако почна состанокот на литературниот кружок.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во нејзиното писма одѕвонуваше тишината на нејзината осама, нејзиниот божји долг што си го препишуваше на својот живот како да ги спаси чедата, кои сега ја напуштаа заодени по патот на нивните семејства, а јас се бев оддалечил најмногу, следејќи ја кривата на својата амбиција Колку ли пати пишував многу побезвредни депеши, се внесував целосно во нив, сигурен дека можеби никој нема да ги удостои со вниманието што им го посветував, наместо да ги пишувам одговорите на писмата на мојата мајка, кои беа незаменливи делови живот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
По нивното запознавање јас никогаш не зборував со Сара за брат ми, ниту со брат ми за Сара; само чувствував колку исчекуваа да дојде среда, денот кога нашите врсници се собираа во салонот на Берта, а Зигмунд и Сара остануваа уште долго во нејзината соба, и јас останував покрај нив, како сведок на она што го премолчуваа, и кога знаевме дека собирот во салонот на Берта привршува, тој, таа и јас се качувавме на горниот спрат, се поздравувавме со гостите, го слушавме благиот прекор на Берта што не сме ги удостоиле со своето присуство. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Забележав триесетина млади луѓе кои, наведнати над големите маси за цртање, дури ни со поглед не ме удостоија.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
А има и такви што ме гледаат во чудо и не сакаат да ме удостојат, а баш го правам домаќински - со кафен шеќер, со мед, кој како милува.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
- Госпоѓо Рада! Ќе ме удостоите ли да ми објасните ...
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На тој начин, кампот им дава на геј- мажите културно средство за справување со сопствениот и со колективниот разгром: општествена практика што не го обезвреднува страдањето кое исто така одбива да го удостои.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)