угорница ж.

угорница (ж.)

Стар беше дедо Стамен и едвај се искачи по угорницата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Она негово морничаво искачување по угорницата можеше да биде само едно просто изменување со еден друг, што ќе чекори напред, и сега тие двајца ќе можеа да си бидат в село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа беше најголемата препрека на неговиот пат, беше една бескрајна угорница, што знае на човека да му ја дотера душата до носот и при летно искачување, но тој сега мораше да ја совлада неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја сети таа далечна шега; таа му помина како незадоволна потсмешка со некоја невкусност, но за него сега беше многу поважно што можеше со сигурност да знае дека одамна навлегол во втората половина од таа бескрајна угорница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Никогаш така не сум трчал по угорница: зазбивано и молневито се пробивав низ калливи трапишта придржувајќи се со рацете за шибјето отстрана.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А се знаеше: скоро секогаш околу пет часот попладне, по патчето што низ угорницата обрасната со маслини, се стрчуваше преубавиот бел коњ со својот мал, црномурест јавач.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Реши да го посети дедо Иван. „Доцна е малку“ - си мислеше момчето, но не сакаше да му се потчини на лесниот страв што го обземаше додека сам чекореше по угорницата, низ темната корија.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пропаѓајќи до градите во снегот, валкајќи се, помагајќи се со пушката, со стапот, Бојан можеби измина дваесетина метри по угорницата, каде што под снегот требаше да биде патчето што водеше кон Гола Глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со секое издлабено делче во дрвото, со секоја направена фигура, се качуваш стапка по стапка по овие угорници, ги искачуваш овие височини кон кои си тргнал и по кои те искачува делото...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сѐ така, на смени. „По секоја угорница, ќе ти дојде удолница", велеше дедо. 46.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лазиме и се бориме со угорницата. Накачивме во шумата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Полека, полека- рече Даскалот. – Уката е пат по многу стрмна угорница.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Вистинските домаќинки ваквите чевли ги носат в раце додека да ја изодат угорницата и калдрмата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Знаеш не сме ни до пола пат има уште одење до поштенскиот дом, па низ шума до детското одмаралиште, па низ парк-шума и дури потоа - голема угорница до врвот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Пиштеше џипот, се препелкаше, рикаше моторот на угорниците, пропаѓаше во доловите, тропаше по камењарите, удираше со страните по бреговите и го голташе патот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Раскостеното пајтонче ги впрегна сите коњи и со крајни сили ја искачи угорницата, за потоа олеснувачки и продолжително да се испрди на преслапот победоносно влечејќи го откачениот ауспух.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Раката на коларот што го донесе сандакот како да не ја држи уздата туку поткренатата муцка на коњот додека го влече по угорницата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пајтончето прусаше по патот, потсвирнуваше со гумите на свиоците и поткашлуваше со моторот на угорниците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И животот на Миха потече, би се рекло, по една брановидна рамнина, без напорни угорници, но и без ненадејни низдолници.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе