уводен (прид.)
Уводните текстови во „ Тајмс“ беа пишувани на него, но тоа беше само tours de force, што можеше да го изведе единствено специјалист.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Мислам дека младиот автор што го спомнувате нема втасано ни до уводниот дел на делото што храбро го најавува како веќе спакувана замисла - реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во првиот број на листот при дното на уводната страница, под линија, како што е тоа уобичаено во некои медицински лексикони за народ, беше курзивно напечатена оваа максима со негови иницијали: „Солидните темели
на нашата културна заедница се само позитивните принципи на Христовата етика, а неразоримата платина на врвот на нејзиниот громобран е само јакиот морален карактер на нејзините слободни синови”.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Како што беше веќе речено, на спомнатиот симпозиум, уводниот дел на известието на професорот Седларов беше изоставен бидејќи тој сметаше дека вметнувањето на личните збиднувања и видувања можат да ја намалат вредноста на научниот приод толку сериозно третиран во забелешките навдени во светите книги.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)