убеденост (ж.)
По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Како што фирмата стекнува знаење така таа ја зацврстува својата убеденост во некои претпоставки а отфрла некои други.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Декарт во делото издадено 1637 - „Расправа за методот“, објаснува како неговата убеденост во реалното постоење на рес когитанс (супстанција која мисли) произлегува од неговата потрага за солидна основа на познанието, во која што потрага тој ги става под „лупа“ со методот на сомневање сите негови дотогашни сфаќања и знаења. Маргина 37 41
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
При таа средба Маклин сосема отворено ја истакнал убеденоста дека партизаните по војната “ќе бидат одлучувачки фактор“ во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во својот извештај Еванс посебно ќе ја потенцира убеденоста на „поголемиот дел од Славо-Македонците дека една од основните цели на Британија е да го врати кралот на Хелените, а кралот за нив значи Метаксас, со неговата забрана за кози и словенски јазик, просветителска практика, како казните, затворањето, рициново масло и прогонство во Бугарија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Надежите за подобар живот не се темелеа само врз уверувањето дека ќе дојде до важен исчекор во остварувањето на личните и политичките слободи и права, туку и врз убеденоста дека ќе се излезе од повеќегодишната економска криза, а животниот стандард набрзо ќе се приближи до оној на западните земји.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Подробната анализа на оваа суштинска промена на пензискиот систем на Република Македонија излегува од рамките на оваа студија, но ја користиме оваа прилика за да ја искажеме нашата убеденост дека преземањето на оваа реформа и нејзиното вообличување со дадените карактеристики заслужува критички да се промисли и, преку компаративните искуства од останатите земји, да се оцени колку во нејзиното вообличување одигра улога нужноста а колку идеологијата.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)