трчка (несв.)
Трчкаа низ селото, повикуваа неколцина од општината и сѐ им беше нешто неправо: викаа и пцуеја на сѐ што ќе видеа пред себе.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Почнав да потпевнувам и да трчкарам надолу, кај другарите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Наеднаш, една пчела налетува на него и го каснува во ушето; скока исплашен, се фаќа за ушната школка, го вади осилото, трчка кон вирчето во градината, го натопува шамичето со вода и го става на вжештеното уше да ја ублажи болката.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Петра исто така тој ден го виде Дине, ама не му се приближи, не му проговори, како да чувствуваше дека под кожата му се тркалаат костенови ижувини, нејзе ѝ беше мило што е надвор, што ја прикрпува бараката, што може да го удри чиста ава, што околу него се трчкаат неговите и дечињата на Тронда.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Но од друга страна, имаше и оправдание за мојата нерешителност: воспитачот, професорот по филозофија, до која уште не бев стигнал, одеше важно, со крената руменолика глава, и јас - на кого тој досега одвај да погледнал - требаше одеднаш да му пристапам, да трчкам да го привтасам во ходникот, да го пречекувам како случајно на скали или, о боже мој!, да му одам нарочно за тоа в канцеларија.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тие ќе трчкаат и лаат наоколу, среќни... ***
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ако беше среќа досега требаше пород да ни трчка низ куќа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)