трудница (ж.)
Меѓу стеблата во снегот стоеја вдлабнатинките од испаѓаниот окит, како единствени измешани дири, што покажуваа дека тука наодамна поминал со својот палав чекор на заводник тој јужен ветер, а потем отпатувал натаму во длабините на шумата, од каде што сега, заедно со она трубење, се слушаше како понекогаш прикрцкуваат гранките, кои сосема им се подале на неговите топли игриви прегратки, така за тој да може дури и да ги однесе на својот пат и остануваа скршени со онаа слатка болка на трудницата, или пак продолжуваа ритмично да го повторуваат своето занесено стенкање.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Оти никој не знае што носи трудницата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Доколку тоа и го сториме, како ќе ги спречиме трудниците да дојдат до дрога?
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Посебно би морало да се поведе грижа за трудниците кои уживаат дрога.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се предлага апсење на трудниците кои уживаат дрога поради злоставување на децата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таа се беше омажила најрано, букално од школска клупа, место на летен распуст, на трудничко боледување.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Секој ден одев во бараката за трудници и тукушто породени мајки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Адолфина, паулина, марие и роза - сал една би била вишок во драмата на чехов а сите се отпишани од тефтерот на брат им зигмунд фројд отла и кажува на адолфина дека ги довеле во логорот во терезин и дека е најдобро тука да останат што подолго отла и кажува на адолфина дека храната е еднолична, катаден супа од леќа а попатно и спомнува дека има брат по име франц кафка адолфина веќе почна во себе да го портретира кафка мачејќи се во шеширот да му ја смести ергенската несреќа - во бараката на трудниците несреќата има друго име во предвечерјето на смртта и без месечина јасно се гледа дека црното млеко не е поетска измислица под црно сонце во црна темница четирите сестри на зигмунд фројд спокојно го чекаат црниот воз кон невратот рано в зори и не го забележаа брат им зигмунд како нервозно се тртка лево-десно на перонот пред да си ја испрска совеста во ѓолчето од сестрински солзи.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Како трудница се тетеравеше, час на едната, час на другата страна на брегот, поткопувајќи ги бреговите и секој миг грицкајќи по залак од плодната банатско-бачка рамнина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)