тромав прид.
тромаво прил.

тромав (прид.)

Имам незадржлива желба да ја фатам и да ја залулам во мрежата на тромавиот пајак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Баждар пушташе низ ноздрите чад, синкав и тромав како и облаците над нас.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во соседниот двор некој гласно се плискаше со вода искажувајќи го своето задоволство со тромаво, длабоко - охо-хо-о!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Има крај, се има крај, само коњот е тромав и бавен да ја довлечка колата до крај. И што кога ќе ја довлечка? Ништо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој коњ, јак и тромав, ако не на целиот Козјак а она во Пелинце беше најарен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тромаво, слепо коњче рамнодушно ја влече преку улицата својата судбина - стара кола, призрачна и немила како и секој затвор.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Над тромавата свест завесата сѐ повеќе се дигаше и го разголуваше настанот со ножот, со ленената кошула, со ударот, со човекот, на чиј гроб лежеше тешка плоча на дваесетте продувани години.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Беше тромав и не се надраснуваше за да се исклешти кон тоа клештење.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дождалци, горчливо рече. Тромави умови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Воздивна. Сироти, сироти дождалци со волшебна и тромава фантазија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Преклонетоста на неговите раце се престоруваше сега во некаква тромава отпуштеност, која знаеше само за тоа дека преку денот тој доста се намачил и дека сега треба макар и само да се спие.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој тип пред тоа одеше по мене од кафез во кафез, павијански им се клештеше на азиските мајмуни со запалени задници, се згрбуваше пред тромавите камили со измитарените вратови, ја издолжуваше шијата и се обидуваше нешто да им шепне на жирафите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се колнеа, подуени и тромави, дека по туѓи сестри не погледнуваат. Селото притаено ги слушаше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сите тие што го оставија ѕидот на темната мансарда, меки и тромави дождалци и исто толку безопасни и непријатни, љубопитно му се доближија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сандре Самарија, човек со изглед на тромав гусок, ја извлекол главата како од под крило. Очигледно штотуку се разбудил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Разнишан и повеќе сенка на болната бабуњосаност отколку машкост со жилави раце, отстапувал со тромави чекори на мечок и пцуел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ѕверски се тргнав од неговата тромава прегратка, скокнав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нежниот лист на едногодишната јаболкова младица затреперува: девојчето го следи тромавиот лет на ноќната бубалка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Дело ограничено со една тромава естетика, производ на една уметност на најмало напрегнување, творба на една епоха на низок водостој и слаб проток, што би била состојбата во која се најдоа уметноста и естетиката во вторава половина на дваесетиот век; тоа дело го претставува одговорот на уметникот на оној став на публиката кој тежнее еден Лоеонардов портрет да биде преобразен во „ла Gioconda” - т.е., во нешто повеќе од едно дело, во некакво над- дело, во едно пренапрегнато дело, мит, амблем на секое уметничко дело - толку упорно присутна во своето самољубие, што и кога веќе не ја гледаме, нејзината насмевка, што наликува на насмевката на Carrol-овата мачка, не престанува да нѐ прогонува, дури ни тогаш кога сликата исчезнала.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Што зборуваат тие? Се свртувам на сонцето, како тркало, невидлив и тромав, златен и неуморен.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Повеќе