триножен (прид.)
На подот рогузина. На десниот ѕид долапче со чинии, под него стар ковчег. Неколку триножни столчиња. Бедно, но чисто.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
И сопчето, во кое се живееше, во кое имаше две ниски легла од двете страни на огништето, беше натрупано со разни чисто килибарски предмети: качиња, бутим, дрвени паници, буклиња, ниски триножни столчиња, разни грнци, сито, решета и што ли не.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Киле седнат на едно триножно столче, со софрата пред него и на неа земјената чинија со сув грав и половината сомун леб од сетното месење, јадеше како одвај да џвака, полека некако мрзоволно.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
„Браво, бе, машко!“ го чув и видов Стојан Козето седнат на триножното столче едно педесетина метри над мене во воздухот, со престилка на себе и шило и чеканче в раце, “ама поќе ништо не ми треба! Сѐ имам дестур!“ и широко насмеан покажа на куповите ѓон до себе.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)