трепетен прид.

трепетен (прид.)

Како да извираше и како да се креваше од бистрата, мирна езерска вода со безброј чисти, светли души - утрото заигра во воздухот, се крена над стариот град, стегнат од сите страни со дебели ѕидови за миг го искапи, го осветли и го оживеа со својот трепетен сјај.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Месечината ги заплеткуваше во трепетна мрежа од светлосенки.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со трепетни прсти земав уште една карта - четворка - значи, сум стокмил дваесет и четири.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Почнувам да се тресам. Тивка, трепетна треска, длабоко скриена, но сѐ посилна и посилна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Влегоа. Таму по ѕидиштата и по масите се лепеше трепетна светлина од карбитна ламба, а просторот пак како да не беше осветлен.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Далечниот Пелистер одвај се оцртува, нежно, бледолилав, крушовските планини, таму кај што заоѓа сонцето, ги прекрива просто една трепетна виолетна завеса, сенките наваму стануваат сѐ поизразити и позатворени, се гледа секое прозорче во градот, во кој се издига на безбројно места темното зеленило на тополите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Да знаеја само што мислеше тој, умниот, што носеше тој во душата, што си шепотеше кога беше сам и кога до усмев вистинито му се чинеше дека една бела, кротка и трепетна рака му го допира рамото.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
5. И тие дни во кои сонцето само зборува молчат Ветрот мине по грмушките по лисјето душкајќи Лазачите ги штрека глуварките во пројаснетиот воздух ги развева далеку дури татни Тој гром од човечка рака пред портите на гибелта Гласот на ранетата тишина зборовите ги бара По крвта пребарува по ѕвездената роса што посега Месечината и сонцето го менуваат здивот и издивот на трепетните лисја под времето што протечува со копнежот долг по гнездото на песната што се подава Светлина во очите И чело загледано кон идната виделина на бидноста што ќе огрее по насмевката минејќи на сите уморени што сонуваат во заслонот на неизречените зборови
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)