трач (м.)
Апатија, хероин, злоба, завист, пакост, “усмена трач литература”, перфидно или брутално (бирај) сјебување на било каква иницијатива за подобро, и тоа обично од оние првите до тебе, павловски истренирани да ги вадат своите бедни ножеви на било кој обид да се прекине инерцијата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
И понатаму: по која логика студентите беспомошно застануваат пред првата општествена пречка на патот до знаењето, по која логика на јавно ниво го премолчуваат проблемот и зошто нивна единствена реакција е регресијата во приватен трач?
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Нивната интелектуална амбиција, онаа наводно силна глад по знаење и мудрост поради која човек, како што велат, се решава да студира филозофија, молкум се повлекува пред првата конкретна општествена пречка и веднаш наоѓа сатисфакција во ситната злоба и лицемерието на приватниот трач.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Бори се. Пушти ги очекувањата да кружат наоколу како најнов трач, додека не им се слоши од вртењето во глава.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)