трансфузија (ж.)
И таму ден и ноќ, да ме држат под трансфузија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Модерната филозофија го роди ова посмртно дете, на кое што веднаш му беше направена трансфузија на крвта (и покрај ризикот), пред да го однесат на крстилницата на слабата мисла.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Голтајќи го студот со отворена уста, тој се сети на нејзините допири, илјадници нежни трансфузии на вистинска човечка блискост што му ги даваше додека тој крвавеше, несвесен за тоа што му се случува.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)