тока (ж.)
Рацете ги носеше раширено и поткренато околу згоениот стомак и често ја пофаќаше токата на кафеавиот ремен, помрднувајќи ја нагоре-надолу в место.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Со кожен ремен со презрамка, со жолти копчиња со буквата Б на токата и најубавото – со едни многу убави ками во кожни футроли, исто со Б на рачката.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Стави го појасот на панталоните, притисни го копчето на токата и уживај во детството. Искрено твој, Дедо Мраз.“
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Го извади појасот и го тресна од земја. Ја згази токата со стапалото.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)