товара (несв.)

Вели: „За криви колца не треба прав пат“ , велеше Лазор Ночески и ние, седевме ден-два ебали го, може и повеќе да седевме во Варна и после нѐ собраа меѓу пушки со штикови и нѐ водат на воз, а Стеван Докуз уште пред вагонот почна да кука, спомнува жена, деца, куќа, јас го тргам за ракав, да молчи оти со кукањето може да помислат дека вистина нешто криеме и за која странска сила го криеме, и Стеван Докуз ќе се штрекне на тоа, ама пак ќе заборави и пак ќе закука и јас ќе го држам за рака, ќе го шибам в слабина, ќе го штипам и тој пак ќе замолчи и нѐ товараат во еден вагон за добиток ли, за пошта ли, за жито ли, нѐ пикнаа во вагонот, нѐ настегаа в шише и ајде за Софија
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Добар е овој Витомир, после си мислам, можеш и лулиња да товараш на него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Навечер го товараме магарето со пењушки и си одиме. - Со пењушки најдобро се вари грав и леќа, вели Велика, оти пењушката не гори, туку само го држи огнот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Многумина од бегалците се прекрстуваат кога стигнуваат на банкината оти Господ е голем и милозлив нема да ги остави без некој динар без некои нарамник дрва или без некоја вреќа јаглен оти по цел ден можеше или да се растовара или да се товара или да се мери или да се прередува покрај колосекот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Јасно и чисто ги опфаќа сите од едниот до другиот крај на вагоните, гледа како се товараат самите себе и еден зад друг фаќаат натаму, надолу.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тронда ја следи неа, и таа се товара, машки.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Коњите им ги товарале на голем брод, англијски, а нив, само неколкумина, ги оставиле да ја бранат отстапницата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ги растовари магарињата настрана и почна да товара тули во некои кошови што му ги подадоа, во некои крбли и кошници.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го слушав дрангарањето на рачната количка во која ги товараше камењата и повременото цвичење на неподмачканото тркало.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Телевизоров нема добар сигнал и ќе го носиме на Велешко“, им зборуваше, а едниот од нив го креваше во раце, го товараше во гепекот од колата и со татко му тргаше на пат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Убиените ги товараат во камионите и ги носат во Лерин.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Добичињата начулија уши, жените брзешкум бришат натежнати солзи, се прибираат, а тие кои се задолжени за добитокот, ги товараат, а другите стегнуваат ремење на рамо и половина за да се држат поцврсто сандаците и вреќите на нивните плеќи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)