тираж (м.)
Во четириесеттите години на овој век, времето кога авторот ја доживува својата афирмација, апсолутна доминација на полето на фантастичната литература во Соединетите држави имале магазинските списанија со голем тираж, што најчесто биле примерени на вкусот на најшироката публика на која ѝ се обрнувале.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ете неколку, меѓу многуте, причини (артикулацијата, транспарентноста, ставот) зошто во ударниот темат на оваа Маргина се поместени есеите на Борис Буден, кој освен што веројатно е најинтересниот хрватски аналитичар на премрежијата меѓу културата и политиката, воедно е и еден од клучните луѓе на мошне значајното (иако со мал тираж) списание „Аркзин“ (на делумно сличен начин како Маргина овде „Аркзин“ е конфронтиран со тамошниот интелектуален естаблишмент).
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Знам како ти е, ама сфати, тиражот е најважен. Молам?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тиражот на сликовницата од илјада примероци не му претставуваше утеха.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Тиражот од 400 испечатени примероци на книгата речиси е потрошен, а при крај се и залихите на брошурата со најважните теоретски сознанија – испечатена во 1.000 примероци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Црната книга со собрани туѓи дела излезе во тираж од 500 примерока.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
А на другиот му се било случило објавување на песна во дневен весник со голем тираж.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)