тимар (м.)
Што било потаму? Ништо... Кога до жолчка понижениот Адам Лесновец (самиот тој од гордост си го измислил славољубиво второто име) се вратил во пештерите и кога раскажал, издувувајќи ја со зборовите и маката од себе, дека се повлекол пред жените зашто не сакал да ги тимари (кобилите, рекол) со ластегарка од жал кон животворното млеко што можело да им секне а кое утре требало да ги израснува идните каменоделци, луѓето се насмеале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Или навреме се плашиш еден ден имотов да не се земе за некој тимар, за оние што им ги даваат за служење во турската војска?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Таквите тимари носат приход и до 20.000 аспри.”
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Спахијата Каплан-паша има тимар таму и многу е богат.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)