течење (ср.)
Учените, аристократијата, интелигенцијата и воопшто општествените класи, каде што се имаат лични интереси, стари традиции и предубедувања, се борат со новите течења, каде што се наоѓаат вистината и правината.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
За илустрација на одот и на резултатите од борбата меѓу стари и нови течења доста е да се потсетиме за борбата на христијанството со паганството, реформирањето на Русија од Петар Велики, преродбата на Чесите, Литовците, правописната реформа на Вук Караџиќ итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Прво се поставува прашањето: дали комитетите, расудувајќи логично, можат да му објават војна на новото течење?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Планињето глас дадоја од шмајзери пукање, речиштата протекоја од крвови течење, ридиштата поцрнеја од фашиските мрши.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Пукањето ти станува обично како лаењето на кучињата, како течењето на водата... И таму, во ливадата, го наоѓам Ангелета, ангелот мој златен, со потсечени крилја. Децата се разбегале, ама Ангеле мој не добегал.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Лежевме скротени, омелушени... Заслушнував: реката шумоли, низ бесконечно несопирливо течење ја чувствувам свежината иако сонцето припечува.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Во меките и тивки ноќи на пријатните годишни времиња, обично мајка ми ги отвораше сите големи прозорци, и ние го наслушнувавме дури и дишењето на реката, таа живо нѐ поврзуваше со течењето на времето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во куќата завладеа старата позната тишина, тишината од дното на морето, ритмувана од течењето на нашите солзи...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ми се гади од течењето на времето наваму натаму, од реки и ел.енергија, техника, цивилизација, политика и пропаганда.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ние не сме свесни какво богатство носи нивното течење.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во тивката ноќ, крај реката, спроти Тврдината, како предизвик на минливоста што ја означуваше вечното течење на реката, некаде другаде, се извишуваше симфонискиот полифон изблик на среќното и соединето семејство.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Песно, изгубен еден сон или одронет само во чудното невреме или во оној моментен мир омеѓен со ножевите на молњите носи дожд тоа суморно течење на денот кон нашиот осамен остров поплава една носи тој летен ветер што ја капе својата жолта грива од лисја во меката прашина.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Речиси никој (со исклучок на синдикалните активисти), 299 не знаеше како оди процедурата за основање синдикат на ниво на работодавач; потоа, многу малку работници знаеја дека работодавачот мора лично да им врачи отказ во задолжителна и единствено релевантна писмена форма и не може туку-така усно да ги „избрка“ од работа или, пак, дека им следува право на дополнителна пауза за време на течењето на отказниот рок – со цел барање нова работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во улицата Ренгенска број 92 – а Има приватна болница За приватни болести на приватно болни Со приватни соништа и приватни деривати На храната консумирана приватно Со приватен апетит И приватни посебни потреби И потреби за мокрење и голема нужда На оние кои приватно си го гризат сонот Заробени во приватната мрежа на сонувалката Во која ферментираат идеите До згуснување До тези За поцинкувањето на ластарот За течењето на каменот За месечевата клетва во водата За гранката што грачи За се што нешто значи Меѓу зреењето на лебот И Потребата Од длабоко Дишење.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
А јас, извадена од памет, подзамижано се трудам да видам од мојот кревет и секогаш, ама баш секогаш знаев дека Душанка си играла докторка и дека, по своја стручна проценка, си го засилила течењето во системот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)