течен (прид.)
Неговите прикаски ги сакам - неуверливи се но течни, смислени, проникнати со искрено верување.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сѐ што ќе замисли пладнето ќе блесне и ќе се роди од залезот што бега со таа течна леќа.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Деловите на полегнатите човечки стави како да биле поделени на студени и топли зони и додека стомачните мускули им трепетеле на тврдата земја, преку тилот и меѓу плешките им се разлевала морничава врелина, и некој, едниот или другиот Онисифор, мислел дека крвта бара пукнатина на кожата да шибне како црвен знак и да му се придружи на сонцето со брзина на светлоста ослободувајќи се еднаш засекогаш од кожурците на глупавата препаленост, на страдањата и искушенијата што некогаш биле склопец на животворен течен мерџан.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сепак, може да се насети замаената, влажникава магла од течни јадења што се прелева низ улицата како благ рев на припитомено куче. ***
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тие беа подвижните резервоари со течна храна за овие луѓе кои по победниците во војната итаа кон големиот плоштад на главниот град на Републиката.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Геометриското саќе е духовната топлина во негативна форма; течниот мед е духовна топлина како позитивна сила на животот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Се чека ноќ во овој голем простор нѐ потпира и нѐ подигнува лостот со бело знаме на врвот сред ветерот што ги зафатил прво возбудени од напон мускулите привлечени од оваа игра под течниот пурпур во раствор на шира се движиме пред да нѐ запрат и пред да се растури сѐ.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тоа беше пријатен излив на течни зборови.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Си го пробија патот низ преполната просторија и ги растоварија подавалниците на масата со метална површина, на која на едниот агол некој истурил баричка од манџа, нечиста течна маса која личеше на повраќаница.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Како музиката да беше некаква течна материја која се разлева по целото негово тело и се меша со сончевата светлина што се цедеше низ лисјето.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Бил страшен, влакнест, со рогови, со очи вжарени како оган сулфурен од пеколот, како вжарен течен песок, со шилеста опашка, расклештен во устата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Потоа топлината и влагата се претворија во некакво пецкање, па пак во течна топлина и на крајот во болка.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Зеде од велигденските јајца стокмени за вапцување со варзило, и, како кога го учеше татко му, стариот Благоја, дупна едно јајце, го бележа со рецка за да го познава и го наполни со течен гипс.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Насредина на нивата глинена чинија. Во неа има само толчен лук, сол и вода, а жетварите сркаат од неа, мешајќи ја таа таинствена течна храна со црн пченичен леб, за да ја победат жегата.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ако сите три сфери на тешката леснотија – облаците, снегот и маглата – се претворат во течна состојба, би се добило вода, со благи кругови на површината, кои рамномерно се шират, од нежниот вртеж на планетата.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Амам: промена на смислата
Не кога ќе влезеш
и кога ќе те заплисне врел
и непроѕирен воздух
не кога ќе те поклопат
капките разлеани по ѕидовите
реата, мермерот, мрморењето
не кога ќе те обземе вртоглавица
зашеметеност од празнината
на амамот, полна пот, плот и пареа
не кога ќе те погоди како отсјај во сон
светлината подадена низ розетата
дозирано, од високо
не додека студеното сонце-иње
од карши ги облагородува
дрвјата, релјефите, порталите, фасадите
на сараите
туку
кога ќе потонеш гола во гротлото
ко крвава рожба во исцедокот од водолијата
тукушто прсната, за да може
да се слизне низ пенџерето
на животот
(на)право во царството на немилосрдноста
кога збунетото тело ќе помисли
дека секое друго место е подобро
ама ќе остане и понатаму - таму
без да се помести
кога ќе ја осетиш жешката вода како оддалечување
од секојдневието, од агонијата на распадот
(целото е мислена именка, далечно минато)
кога ќе се престориш течен заборав
божји благослов
и ќе му се предадеш на телото мислејќи
си ѝ се предал
на психата
егзотичното прелевање на смислата
сѐ додека не се претвориш во
прелив како таков
кога ќе се испреплетат значењата
едни со други
и ќе се испретурат во кошницата
на светогледот
а ти ќе тргнеш во потрага по
почетокот
кога ќе сфатиш -
Бизант е капија во темните агли на памтењето
цела епоха е втисната како анатолиска крпенка
во обичните зборови од твојот мајчин јазик
во интимата на јазикот
и се спровира низ капијата
кон одаите и спалните
дома
кајшто по извесно време
по извесна стварност
потеклото се заташкува
сродството се изобличува
јазикот има свои потреби
како и телото
сфаќаш и тонеш во без-сознание
зад јазикот, отаде
нека почека
ако те чека ...
Истанбул, декември 2003
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Течниот сапун мирисаше на шумски овошја и цимет.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Течниот бисер од коритото на реката по секој блесок им се затскриваше зад врбјаци, камења, гингери...
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Среде распупените копнежи на небото витката става на пламенот во луд занес ги обезглавува изџимканите сни и не ги одлепува усните од цуцињата на бардињата од кои дурлат огнови во течна состојба.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Во почетокот храната мораше да биде течна и миксирана.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)