технологија ж.

технологија (ж.)

Тоа се првенствено врвните достигања во техонолгијата и техниката на индустриското производство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Носат знамиња, пароли на кои пишува: Не сакаме скапа технологија.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Возбудува фактот дека француската меѓународна асоцијација UCRADEC се грижи за повторно населување на козите на Балканот, со модерна технологија на одгледување, и тоа, поконкретно, во Босна, во Бугарија, во Турција, односно, во нивната „избрана и ветена земја”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од друга страна пак, да можам денес, со помош на некоја сѐ уште неусовршена технологија, да му појдам во пресрет, со какво задоволство би му позајмувал пари, или уште повеќе, би излегувал со него на пиво и би муабетел за старите добри времиња?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Механизмите на овој модерен систем на моќ ги вовлекува во она што Фуко го определува како „технологии на селф, кои им овозможуваат на индивидуите да ефектуираат, самите или со помош на другите, одреден број на операции на своите тела и души, мисли, однесување, и начин на постоење, така што се трансформираат себеси за да постигнат одредена состојба на среќа, чистота, мудрост, совршенство, или бесмртност“ (1988, стр. 18).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дури и пред да се повлече во 1990 од универзитетот Беркли во Калифорнија и од сојузниот институт за технологија во Цирих, каде што држеше поврзани состаноци, тој ретко прифаќаше интервјуа - дури ретко и одговараше на телефон.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Науката и технологијата на модерното време бараат, пред сѐ, здрав разум и постојана будност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Иако во овој текст јас го следев Фуко во истакнувањето на технологиите на модерниот “позитивен” систем на моќ, верувам дека и другите анализи на моќ, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на Бурдиеовите мисли за структурата на социјалните системи на моќ и конститутивните ефекти на овие структури врз животните ставови, се многу релевантни во разгледувањето на секојдневните ситуации со кои се соочуваат терапевтите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За разлика од печатениот текст со едносмерното движење во правецот на вртењето на страниците, хипертекстот е радикално различна технологија, интерактивна и повеќегласна, која го фаворизира плурализмот на дискурсите пред дефинитивното фиксирање на текстот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Грег Беар (Greg Bear): „Нашето разбирање на науката и технологијата во осумдесеттите и во деведесеттите многу е променето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Стануваме наголемено зависни од технологијата и технолошки врамените рецепти за однесување што ги добиваме од страна на советниците.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
По оваа фаза ќе дојде интерактивната технологија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сега, бидејќи имавме технологија, сфатив дека ќе ни бидат потребни многу дијалози.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Податочната ракавица (data glove), која што овозможува влез и во уметничко кодираните виртуелни светови (во смисла уметност на виртуелните машини), е главен интерфејс во технологијата на виртуелната вистинитост, таа нагласено го аплицира допирот дури и при trip-от по паралелните светови.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Луцифер, на пример, му пркоси на семејниот авторитет воведувајќи нова технологија која ги охрабрува некои од членовите на генскиот пул да го напуштат семејното гнездо.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како што јас гледам, новите технологии ја заменуваат вистинската стварност со виртуелна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Швајцарците го прифатија предизвикот и за масовниот пазар направија релативно евтина серија на часовници со дигитална технологија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А технологијата потребна за тоа веќе постои.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во седумдесеттите Tom Furness, којшто работел за американското воздухопловство, многу придонел за развојот на технологијата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Пронајди ги оние од кои потекнува оваа технологија, и нив прашај ги.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повеќе