тефтерче (ср.)
— Кажи шо сакаш, да видиш дали не ќе ти напиша, — и го извади моливот и тевтерчето од џебот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Крсте си ги забележа сите предмети во тевтерчето и се посоветува со баба си колку пари горедолу ќе треба.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ја меревме терасата и јас во едно тефтерче запишав колку е долга и широка.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Таа ме одведе во нејзината соба, го отвори црното тефтерче и ми прочита неколку куси реченици нашкрабани со тој нејзин неразбирлив ракопис.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Го затворил тевтерчето и го бакна кадијата, та го кладе на глаа за голема чес да му стори и го завитка во трите мушами, та си го кладе в пазуа.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Кога имаат молив немаат тефтерче и така уште ненапишано го забораваат токму она што не е за заборавање.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Кога имаат тефтерче, немаат молив.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)