тесто ср.
тест м.

тесто (ср.)

Работат молчешкум. Зафир мери тесто, а друг, оформено во лебови, го реди на штиците. Наскоро доаѓа чорбаџи Аранѓел).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тестото го замесува специјална месарица — девојка со татко и со мајка, а пред тоа едно мало детенце — машко — заборава прво во тестото со жегол: да им се раѓаат на младенците машки деца, жито и волови со кои ќе ораат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кај невестините, пак, свадбата почнува од петокот, кога се меси тестото, како и кај зетовите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се засука Митра пак. Ја зеде тавата и маст, ѝ даде на Доста брашно и една ваганка да размати тесто за питулици и напржија еден два саана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Точно во тоа време ме известија преку тајни канали дека Сталин бара да се прекине со дотогашните методи од кои помодрував: ме следеа, провокаторски се обидуваа да ми поттурат леб со здробено стакло во тестото, ми се закануваа со нокти и со ками.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Каде пред оваа маса пред овој памучен хоризонт без линии пред ова темно месо на земјата и ноќта измешано длабоко место и густо наеднаш поплава на очите и на просторите смрт Каде о каде ти јас ти море шумно и бескрајно ти монотоно поле хоризонтално уморено желно за исправено ветровито разведрување Каде о каде ти тесто густо на дождот и земјата човеку јас камену во рацете и во очите кал
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Тестото спласна, острите светилки во многуте очи изгаснаа, далеку планините беа меки и проѕирни лисја момирок и покриени со водникавомлечна пара.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сивото тесто околу него сѐ повеќе раснеше лесно надраснувајќи ја неговата свест.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ја лелееше неговата свест. го влечеше кон далечна нестварност. Ја месеше неговата магла како што се меси тесто и ѝ вдахнуваше живот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Темницата уште повеќе згусната од снежното тесто, му сокриваше сѐ пред очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Како да меси тесто, темницата на сѐ му даваше поинаков облик.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Од друго тесто си ти!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тогаш влегува бабата со рацете запретани во тесто.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Карамба-Барамба, секако не сфаќајќи ме што мислам, отиде во една колиба и донесе грст ретко тесто.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Надвор беше паднал густ мрак како тесто.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ги намачка стапалките со тоа тесто и чекорејќи на прсти внимателно застана на стапалките на сенката.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Често покојниот татко му велеше: „Војната е, синко, многу нешто во животот: дури неа не ја поминеш, дури таа не ти помине преку главата, не си ништо; тесто си, зелено јаболко, кревко ластарче. А неа кога ќе ја поминеш, стануваш прекален...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По улиците ви нудат јадења и специјалитети од тесто, кои само овде можат да се сретнат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- А јас помислив дека сакате да ви ги отпишам долговите, вели Доксим Тренчески и се дуе во образите, ко предојдено тесто.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Овдека, вапери сме ние, му велам, а војникот го собира челото, образите, размесува некакво тесто на лицето. Си прави ситни џебурки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе