теснец (м.)
- Направи пауза отец Иларион и продолжи: - Душата е корен во човекот; како што од коренот на дрвото се храни стеблото, гранките, лисјата, плодовите - така од неа се храни телото, видот, слухот, говорот, волјата, свеста и сè што човекот има; таа е извор од каде сѐ почнува и сѐ враќа; огледало севидливо; владател и роб; таа е целина како сонцето; сеопшта суштина; сила што обновува како соковите што го обновуваат сувото стебло давајќи му нови израстоци; таа е бунар во кој водата е матна или бистра, мирна или замрешкана; светлост затворена во пештера од крв и месо; зрачи, или потемнува; пламен и пепел; камен гранитен или прашинка; оган кој дур е под контрола е благодет, а потоа пустошник; какво тело носи, таков лик има; со менување на телото, и ликот си го менува; по неа се чита и открива човекот; често е читлива, а често загадочна; некогаш ти допушта да ѝ се вдлабиш и да ја видиш, а некогаш за миг ќе те заслепи како поглед во сонце; некогаш е живо железо што тече, поток без форма; кораб на отворено море; пространство огромно, но и теснец затворен во тајните свои; нѐ држи цврсто како градба, верно нѐ придружува, но не знаеш во кој миг ќе нѐ изневери...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Сите тие зашеметени разнесувачи, секогаш без работа, во теснец, без пари, занесениците на „Перпетум”-от на светските нерешливи проблеми... на „магнетната чешма”...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Џејн едноставно одби да биде таква девојка и со тоа ме донесе во теснец.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Вљубени во бреговите и плажите, ртовите и гребените, карпите, полуостровите и линиите на брегот, тргнавме последниот ден од рамазанот, откако успеав да го совладам егзотичниот менувач на реното, низ буганвилии и низ заслепувачката сончева светлина источно од Тангер кон карпите на ртот Спартел, кадешто Гибралтарскиот теснец се сретнува со Атлантскиот океан, а од таму покрај брегот кон југ низ со риба богатиот Асилах до од пат тргнатиот крајбрежен парк наречен Дипломатска шума, кадешто застанавме за да пливаме.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Потоа минав низ теснецот меѓу ракометното игралиште и фискултурниот дом, поодев уште педесетина метри и излегов пред Офицерски, на самиот почеток на главната улица. 64 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Евразија ја сочинуваат северните делови на европската и на азиската копнена маса, од Португалија до Беринговиот Теснец.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Вест која радува:
младост на обликот (Модилјани)
ластерки на личотијата од нов вид
- а прстите на цветаева невидливи
врз тилот на долгата жешка зима –
мимика на притивнат протест
сѐ-на-сѐ
антиграматика на очајот
- спознај се самиот себеси
и уште (асоцијации за вратот)
теснец кој пулсира – притеснета надеж
клисура во која одекнува контрабас
а мажите аргонаути, крзнољупци
верници од инакви светови
не се откажуваат од потрагата:
влезот во жената е бескрајно долг
да биде волјата ваша
слободна!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Теснецот меѓу двете езера беше премногу тесен за да ги собере сите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Следувал многу логичниот заклучок дека "односното население не е отсечено од неговите 'браќа' надвор од значителното грчко население во источна Македонија, туку обединето со него преку природниот пат низ битолскиот теснец и отсечено само со државната граница".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)