тепих (м.)
Од утре ќе ја забравам вратата, ќе ги спуштам ролетните, ќе ги исклучам телевизорот, фрижидерот, машината за перење, ќе ги изгорам фотографиите, писмата и сите останати продукти на хуманизираната носталгија, ќе се соблечам и... ...во мракот, во молкот, ги начулам ушите, пуштам да ми се провлече 'ржењето низ грлото, нечујно газам по тепихот од трева, бршлен, од мравки и изгниени коски на жртвите, ги насетувам, од другата страна на решетките, преплашените контури на полуќелавите, бледи чиновници, го одбирам најмалиот, најизгубениот, веќе му го распознавам лицето што со мазохистички грч се ѕвери во мене, со побелените прсти го стиска работ од канцелариската маса, врз која лежи расфрлена хартија, избраздена со црвен фломастер, немарно се испружувам, токму до неговата нога, загризувам силно, под платното на пантолоните, под епидермот, но не дозволувајќи му на сечивото на забот да оди подлабоку, заплачува додека со јазикот нежно минувам по ранетото место, сѐ уште воздивнувајќи од болка го зграпчува црвениот фломастер, нервозно зачкрипува по хартијата... волшебниот лет на шарената топка или повеќезначност на современиот театар ...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Собава е поинаква од претходната: многу попросторна, со високи прозорци заштитени со рогозина, шарени теписи по ѕидовите и небесно син таван.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Си играв со дрвени, шарени коцки по мекиот, персиски тепих во големата дневна соба.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тргна кон мене, преку таа нестабилна трамболина од отпадоци, како и било кој турист цупкајќи* преку синтетскиот тепих во некаков безличен хотел.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
(Господ знае какви инсекти можат тука да живеат - и земја, земјата мора да е полна со бактерии, а да не ги споменуваме пајаците, црвите и слично) и без тепих (погодно тло за буви, вошки и инсекти).
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Кине теписи, крши огледала.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Патем се трудиме да не го извалкаме тепихот. И тоа дејствува, нели?
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
После сето она што го минавме на претходното место воопшто немавме примедби на куќава, но набрзо по вселувањето секое утро почнав да забележувам траги од тела на некои крупни бубачки по тепихот на долниот кат; случајни, како мртви глисти на улица после дожд; а кога прв пат ги здогледав, личеа на топченца волна или парченца кал од детски чевли, или, понекогаш, ако завесите се навлечени, толку потсетуваа на дамки од мастило или темни изгореници што се ужаснував, бидејќи, уште на самиот почеток, тој дебел тепих ме беше престрашил, па првата недела чекорев по него посакувајќи чевлите да ги прождерат моите боси стапала.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ходникот низ кој ги поведе беше послан со мек тепих, ѕидовите беа обложени со светли тапети и бела дрвенарија и сето тоа беше беспрекорно чисто.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Продолжи да шета по мекиот тепих.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ги гледала, потем, живописните персиски теписи спружени пред бројните дуќани, сребрениот накит обликуван во големи и во мали форми, садовите од светнат бакар, посребреното оружје, тиркизните украси, многу, многу други украсни предмети кои ги гледала за прв пат во животот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Овде комшиите не галамат, не се дерат по улица, не мењаат уље на тротоар, не перат теписони на паркинг, не буљат у жена ти и ќерка ти, не тресат теписи на тараби, не се собираат на купчиња у недела од сабајле... Не постојат ни маалски ѓурултии.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Вие почитувана Лејбовиц, во миризбите, етеричните и маслинови масла, кои ми ги испративте во шишенца, и потоа свенатите цутови на лавандата и други провансалски цвеќиња, ми испративте и неколку слики, со пригодни цртежи на полињата прекриени со разбранетите цветови како подвижен тепих.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Занемено, жмиркам, дремам Под мене тепих од ранки рози Мечтаам да видам уште едно сонце Два паралелни универзума во осмози Свет како нашиот, само посовршен И овој пејзаж, питорескен недовршен И овој в тревата на штурците шум И оваа роза со трн да ме боцне Ќе треба За да излезам од сопствената пародија За да излезам од сопствениот ум! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Жена му беше нервозна по вчерашната слава, брдо неизмиени садови и извалкан тепих.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Парчињата од искршените соништа ги сокрив под тепихот за да глочкаат и крцкаат, секојпат кога копнежот се прикрадува на прсти.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
На убавиот паркет под масата имаше едноставен црвен рачно ткаен тепих.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Ој ти Хатиџе анумо без фереџе за тебе ќе потрошам едно цело чекмеџе бегалка те грабам кај мене во Цирих ќе водиме љубов на кинески тепих
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
На другиот крај од дворот се поставени две мали голчиња и вратило за тресење теписи, на кое висат дрвени лулашки, од евтините од Битпазар.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
А, тие, нашите деца, кога ќе стапнат на зелениот тепих, кој е негуван како англиски стадион, стануваат исто деца како и нивните дечиња.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)