телохранител (м.)
Кученцето наше, добриот Вител ми беше придружник верен и телохранител.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Тогаш јас забележувам дека меѓу членовите на мојот иден Форум за човечки права се наоѓа и телохранителот на претседателот на Републиката, Сатирот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Сатирот, неговиот телохранител, седи на едно колче тука, малку понатаму, некако како зад нас.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
А лизуркото! Сега го препознавам. Тој е телохранителот, оној сатир на претседателот на Републиката.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ако одите во земја во која нема галерии, нема музеи, ви советуваме да си обезбедите телохранител зашто местото ќе биде прилично диво.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)