творење ср.

творење (ср.)

Ѕидиштата на „Купол“ се ишарани со фрески, во чие творење учествувале и разни југословенски метници кои студирале и учеле во Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Писателот кој ќе се помачи со овие вежби ќе сфати, при пишување на приказна или роман, дека на располагање му стојат разни можности во секој момент од творењето, а ќе биде во подобра позиција и да избере најдобро решение - или да смисли некое ново.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дишан темелно ги разработил реди-маде, и самото негово творење за него претставуваше еден вид рандеву: ...планирањето на моментот што доаѓа (тој и тој ден, датум, момент) за да се внесе нов реди-маде. 1916 година, тој напишал серија од четири разгледници, во кои ја следеше веќе постојаната синтакса, но, сепак ги измени зборовите, така што резултат на сето тоа беа реченици кои немаа никакво значење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Човекот прв пат во својата историја доаѓа до личен впечаток дека душевното доживување може да се предизвикува по желба, а дека дрогата е најлесен начин да се дофати друга реалност, било како засолниште било како инспирација за уметничко творење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
ВОРХОЛ ВО МАРГИНА Во овој број Маргина ја почнува серијата тематски блокови за најконтраверзната личност во последниве триесетина години, човекот кој длабоко го промени мислењето за уметноста воопшто, разбрана како творење или восприемање, сеедно.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сѐ - за малку млеч и полен за прополис и густо проѕирен леплив и лизгав јантар амброзија и жолт јаспис за твојот балсам на бесмртноста за твојот сладок прелив на младоста за драмата на творењето за смолата на детството - разлеаниот сируп или сакаш недвосмислено да кажам: за мед, мелиса!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Првин раѓање, потем творење свет.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тие така и треба да се сфатат, како бегло на суштинско за мене допирање на прашањето што си го поставив самиот за смелоста на млад поет на почетокот на своето творење да пее за Рацин, прашањето што си го поставувам и сега како и во сиве години во кои зад квантумот стихови и книги, но не и во нивна сенка, живееја овие стихови.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Но тука се и театарот и театарската уметност како најмаркантни културни феномени сврзани со еден облик на живеење и творење.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А мислата, желбата, жедбата, слободата на творењето да ја дофати на себесвојствениот начин само со творење.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Да се вплетка во него, да се проткае пајажинесто ширејќи ја својата прекарасна аура на бесконечното творење.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)